КАФЕ НА БОСАНСКИ НАЧИН
Не помина многу од нашата прва разделба. Сѐ уште те носам под кожа. Се будам во стариот кревет. Те гледам тебе како се шеткаш низ соба по боксерици. Не си мирен го очекуваш моето будење. Ако ти се стори долго чекањето ме будиш легнувајќи до мене. Ја осеќам твојата тешка рака на моите бедра. Ме чачкаш. Ти се води љубов, а мене ми се пие кафе. Се смееш слатко. Твоите зелени зеници покриени со густи долги трепавици ми се смешкаа ко дете. Ме молиш. „Те сакам“ велам тивко. Бакне-жите поминуваат низ твојот врат. Ме земаш во свои раце и мене повеќе ме нема. Секој здив испуштен од мојата душа ти припаѓа тебе, само тебе и кога не си ти, само тебе…
Ми вариш кафе на босански начин мала тактика што си ја научил од стариот твој. Ја осеќам миризбата и ми се ежи кожата од нестрпливост. Ми се пали и цигара знам дека ти нема да дозволиш, рече ти пречи се обидов да го испочитувам тоа. Само благо ја отфрлав таа желба за возврат добивав дим од твојата љубов. Го слушав твоето мрчење во кујна како доручекот бил најважен, прво се јаде, а потоа се пие кафе вака ќе го расипам желудникот. Се мрштев на овие забелешки иако знаев дека си во право. Ми го послужи кафето на маса и седна. Ти пријдов ти ме стави во скут. Те бакнувам пак и пак. Ах колку си мој, само мој. Бев среќна, сонував. Пиевме кафе онака двајцата заљубени. Бараше омлет за доручек. Се ќе ти подготвев, се само да ми бидеш среќен и задоволен. Надвор беше тмурно. Се спремаше да заврне. Рече денес нема излегување ќе гледаме филм. Не ќе гледаме фудбал денес е сабота спортски ден. „Те сакам “ реков тивко. Ќе играме спортска по 100 денари за уплата но некој треба да уплати не мрзи и двајцата после доручекот само се истргнавме во дневна на кауч. Ти молчиш, јас молчам и те гледам повторно и повторно се до вечноста и назад како никогаш досега како никого досега…
Фудбалот ми стана досаден, твоите водеа ме зезаше јас губев. Ти се налутив седнав да пишувам. Ти се смешкаше потајно и беше презадоволен поради мојот пораз. Напишав песна на српски. Пак ги утнав падежите. Рече ќе ги исправиш граматичките грешки. Ја нареков песната „Малена“. Ти се допадна. Ти сакаше да бидам писател, поет, јас сакав, посакав само да бидам твоја до крај.
Ништо повеќе.
Многу побарав. Знаев.
Моите алишта мирисаа на цигари, ги изнесе на тераса. Пак почна со своите забелешки. Пак јас се смешкав, се што сакав е да водам љубов со тебе. Едвај чекав да ме допреш. Живеев да го осеќам лачењето на течоста која што се беше создала во тој миг. Се пикаше во секоја клетка од мојот организам. Ми светеа очите.
Ти се насмевна, рече: „не може, гледам фудбал“, ама идеше полувреме пак ти се смешкав и ти покажав кон ѕидниот часовник. Изусти тивко „ах дете “. Тоа дете тебе те љубеше, те љуби, те љубам……..
Тогаш ги отворив ширум очите и се видов себе сама, во стариот кревет те немаше повеќе. Многу барав но одамна поминало се. Но живее, се уште живее овде, тука насекаде секое утро мириса твоето босанско кафе…
Знаеш ли?
ДЕВОЈКА
Белото вино имаше невообичаен вкус. Но се беше дозволено. Морав прво сама да се најавам дека доаѓам, зошто секогаш бев непожелна. Не знам дали за тоа беше виновна мојата убавина или затоа што бев ословена како бивша. Тој беџ го носев неколку години наназад. Им се креваше косата на сите од мене кога и да застанев до него. И сите тие настани ги мразев баш од истата причина. Насмевките на нивните лица. Се смееја со раширени усни до уши, насила како некој да им пикнал нешто „тврдо“ во уста. И сите ја знаеја животната приказна за секого во таа просторија. И смрдеа до болка. Нивната смрдеа ме прекоруваше секој пат кога ќе се обидев да заличам на нив. Подоцна сфатив дека не можеш само да се обидуваш туку едноставно таков се раѓаш таков си. Во Мај месец се уште носев кратки кожени чизми. Бев сигурна со нив. Чашата од која пиев беше извалкана од мрснотија, а седев во ќош каде масата беше залепена до стариот регал. Тепихот мирисаше на мувла, додека мојата коса го впиваше чадот од цигари. Пушев една по друга. Кога ќе испиев повеќе својата жед ја заситував со една кутија цигари. Како да имав 15 а не 24 полни.
Неговата висока фигура и тесните фармерки во кои се беше скоцкал стоеја на метар од мене. Никогаш не ми се допаѓаше изброт на неговата кошула. Од половината нагоре ми личеше на угостител. Но го познавав неговото тело. Секое негово движење, секоја негова желба. Се негово ми беше познато, само никогаш не успеав да ја запознаам неговата душа. И после толку години чекорев по трнлив пат, каде ме носеше тој, а јас сѐ уште не дознав кој е . Мојата заблуда беше поголема и имаше еден превез што го беше фрлила преку моите очи. Јас не можев да ви-дам ништо во она што со години го гледав и го посакував крај себе. Не размислував никогаш многу. Бев водена од срцето, а тоа само силно безнадежно ја бараше вистинcката љубов. И љубеше погрешно, и љубеше силно но сепак не се каеше за ништо.
Кога бевме сите доволно пијани и почнавме да рикаме колку што не држат грлата јас полека во гужвата му се приближував нему. Го гледав постојано. Кога ќе излезеше надвор го барав со погледот или тргнував по него тој си играше со мене кога и да посака на било кој начин. Не ја разбирав неговата игра. Ништо не разбирав само барав уште една ноќ со него. Неговите темни длабоки очи кои беа прекриени со густи црни веѓи ги носев на своето лице, додека од полните усни зависеше секоја моја трапавост и глупост, зошто се губев кога тој ме бакнуваше. Мојата материца се вртеше и од нејзината жед ми вриеше стомакот. Сѐ што во тој миг посакував беше да ме рас-кине како што гладна ѕвер го кине својот плен и се насладува со него. Но во неговите мисли и неговиот свет јас бев питома ѕверка која моли за неговата љубов. И таа ноќ молев и му се покорив на гневот и на своите слабости. Само ја наведнав главата молчејќи и му се предадов. И додека моето тело се виткаше во неговите раце, јас нечујно без солзи плачев. Бев сама во таа соба и тој кревет. Бев осамена, ничија и ранета. Само болката помеѓу моите нозе беше освестувачка и беше добар потсетник дека ова мириса на крај.
Се валкав во неговиот кревет кој беше бутнат во ќошот од кујната два и пол часа. Ништо не осетив поради големото количество на алкохол што го имав внесено. Не знаев ни каде се наоѓам и по толку години не ги осетив ниту неговите допири, како во мене од старата страст да не останало ништо. Ми беше сеедно. Се претворив во коцка лед. Се што чувствував беше болката додека тој грубо ми ги грицкаше брадавиците. Неговото притискање беше невозможно да се издржи кога ќе влезеше во мене и туркаше длабоко мижејќи со очите. Моето незадоволство растеше и едвај собрав сила за да го турнам од себе. Се облеков и само заминав. Кога ја лупнав вратата позади себе оставив се. Само солзите капеа, неуморно. Се слеваа по лицето усните, вратот се до земјата каде таа ги впиваше. Пукнав, а таму во тој кревет оставив нешто многу вредно – срцето.
Додека таксистот ми зборуваше неповрзани ствари во врска со неговиот несреќен живот возејќи ја својата половна кола јас умирав сама. И секој дел од овој град ми се смрачи и секоја вистина ми излезе пред очи. Сите тие кои ги имав веќе не постоеја, и се она што некогаш се случувало сега заминуваше испаруваше во пријатниот мајски воздух. Го отворив прозорецот од автомобилот и дишев длабоко. Ветрот ми ги сушеше образите, а трепа-виците ми се беа залепиле од размачканата шминка. Кога би можела со истата да ја покријам тагата…
ЏОАНА
Џоана секогаш сакаше да танцува на дождот. Додека ситно росеше таа ќе излеташе среќна насмеана и луда на улицата. Пееше додека се вртеше во круг. Црвеникавите прамени од косата и натежнуваа од дождот и се лепеа на мокрото лице накиснати и нацицани дождовен сок. Ми се ежеше кожата од нејзината детска смеа. Ја гледав занесено, целиот предаден, и обземен од таа прекрасна глетка и не жалев во тој момент за ништо само сакав да потрае……
А се што постигнав беше малку, само секој Ноември беше ист.
Џоана беше име за chatroom и валкани сајбер игри. Бев многу преплашен кога стануваше збор за игра со Џоана, никогаш не знаев што ќе се случи. И секогаш на крај ќе останев извисен, сам во бунило и без збор. Тогаш бев мал, не се познавав ниту се разликував од другите, бев обичен и сам.
Додека патував размислував за многу нешта за животот, за минатато поради кое се осврнував многупати наназад и жалев за многу нешта што не ги сторив, за разводот на моите родители, мојата мајка и нејзиниот скаменет израз што го носеше постојано, празнината во нејзините очи кога татко ми си замина и веќе не чувме ни глас од него, за мојата поезија посветена на моите девој-ки во кои бев секогаш вљубен, а ниту една никогаш не засакав, за моите размислувања како што ќе почувствувам кога пак би ја бакнал неа.. За се што ме опкружуваше!
Венеција беше мојот дом каде бев свој и слободен. Не морав да се кријам од никого за тоа кој и што сум, а бев само обичен човек. Секоја слика обесена на венецијанските ѕидини беа дел од мојата перцепција… каква божествена убавина, ах!
Птиците го сакаа мојот мирис. Стоев на плоштадот Св. Марко сам опкружен со гулабите кои јадеа од моите раце. Острината на нивните куцкања беше блага, ме скокоткаше секој нивни допир. Уживав во нивните движења, белината и љубовта кои ти ја даруваа само за еден миг. Се останато не беше важно. Нивната нежност наликуваше на нејзините солзи..
Слушнав звук кој чекорејќи водеше до мене. Тап, тап беше поблизу.
Тогаш видов дека потпетиците и се црвени. Ми прозбори неколку збора на италијански. Се подигнав и ја погледнав во очи. Ја видов ноќта како води љубов со месечината и се она што не сакав да го видам во погледот на една жена. Ми ја пружи својата рака „Џоана“ – изговори. Не успеав ништо да кажам само се ѕверев во неа и нејзиното кристално лице врз кое заоѓаше и последниот пурпурен зрак од денот. Ме обземаа длабочините. Не знаев ни збор да откинам на италијански само стоев во место и се препотував. „Лукијан“, реков скоро нечујно, за да не го уочи мојот балкански акцент кој си го мразев и порекнував откако сум роден. Таа пак прозбори овој пат гестикулирајќи со рацете и покажувајќи кон гу-лабите. Ништо не ја разбирав, ах сакав да исчезнам. Можев со неа со часови да зборувам да и раскажувам за убавите нешта, да и ја читам својата поезија и секој стих да и го посветам нејзе. Доволни ми беа само тие две големи темни очи за да ме вратат на стариот пат, и да ме потсетат кој сум. Гледав тупо во неа ко идиот што се изгуби во просторот кога налета на првата убава венецијанска жена. А ме предупредија пред да заминам дека ниту една жена не може да се споредува со една од венецијанските убавини. Црвените кадрици и го покриваа лицето додека ја тресеше главата и упорно ми зборуваше пак нешто што не разбирам.
Изустив едвај неколку збора на англиски. “Турист?“ Кимнав со главата. Таа се изнасмеа слатко. Таа разбра се што и реков. Нејзиниот англиски беше многу полош од мојот. Но бев среќен зошто можев да ѝ зборувам.
Ме фати за рака и ме зеде со себе. Ме поведе преку една наполу осветлена уличка која водеше до брегот. Таму ја повика својата гондола. Ме покани да ми ја покаже Венеција и нејзините богатства патувајќи со гондолата низ каналот. Целиот град беше под вода. Јас не гледав ништо и не слушав ништо што таа зборува само ја гледав неа. Бев обземен од нишањето на нејзините бедра, нејзи-ната префинетост, грациозноста која ја покажуваше умешно додека објаснувајќи полека замавнуваше со рацете. Нејзиното исправено седење покрај мене, како и скромната наклонетост кон еден обичен турист. Сето тоа беше Жена.
Додека кружевме и ѕвездите ни го осветлуваа патот таа ја потпре нејзината глава на моето рамо. Се наежив како пубертетлија. Во глава ми кружеше само мојата поезија… „ја сум поет“, ѝ реков, „напиши една песна за мене“ кратко ме замоли. Пак кимнав со главата. Тогаш заборавив на Неа… Ме покри ноќта и нејзините бујни гради кои блескаа под притегнатиот корсет. Ѝ го покрив лицето со моите дланки и ги бакнував полните усни. Се избезумив до лудило. Ми гореа образите како прв пат да бакнувам и само господ беше сведок колку ја посакував. Ми дозволи да ѝ ги бакнам градите. Се вцрвенив и пак гледав збунето зошто ми беше срам од тој што ја управуваше гондолата. Ми одобри да го сторам тоа и покрај неговото присуство, како тој воопшто и да не постоеше. Мојата кревка душа и се предаде на сладострастието од кое бегав и не смеев да дозволам да ме повлече со него. Го раскопча својот свилен корсет онолку колку што беше потребно за да ги извади своите дојки каде јас ја изгубив својата памет. Седеше така безгрижна. Кога го пуштив јазикот и ги лизнав таа застенка. И го осетив врелиот здив на моето теме. И ги слушав воздишките кои бараа уште. Застанав за миг. Ја погледнав во очи: „која си ти жено?“, мислев. Таа беше гладна. Ми се превртуваше желудникот од нејзината глад. Не сакав да продолжам со нејзината игра понатаму. Бев идеалист кој веруваше во љубов и ја бараше насекаде. Сите се плашеа од љубовта во ова денешно време. Можеби Џоана беше мојата љубов, иако се беше премногу лесно, скоро нестварно. Преку призмата на своето минато успеав да се сетам на Елена мојата прва љубов. Девојката што прв ја допрев и прв влегов меѓу нејзините нозе. Потоа допатував во собата на Маријана со која се ебев дваесет и четири часа непрекидно, и Вики чија специјалност беше „земањето“ без раце. Со овие дваесет и девет години и оваа триесет и две годишна жена беше се поинаку. Ниту една не го имаше тој сјај во очите, ниту една не ја имаше таа цврстина во градите. Толку сочни, исполнети, правилно подигнати. Џоана ми и бакнуваше дланките. Јазикот го спушташе на средниот прст. Ми ја сврте главата кон нејзиното лице. Не ја плашеше мојата одбивност кон нејзниот слободен дух. Го поткрена фустанот ги рашири своите нозе. Стоев пред неа, а таа се претвори во змија која ме затегаше околу вратот. Ме молеше со очите да ја раскинам до лудило и да ја залепам се до дното од каналот. Ги слушнав брановите што гондолата ги раскинуваше. Веслањето на странецот во доцните ноќни часови додека јас и Џоана се препуштавме на темнината. И ги тргнав гаќичките од дундата, посегнав со прстите кон розевата пупка и почнав да ја тријам. Прво полека, потоа забрзував. Таа се нароси и почна да се отвора. И го пикнав eдниот прст колку што можев подлабоко. И се забрза здивот. Го осе-тив опуштањето и стегањето на внатрешните ѕидини, моите прсти го цедеа сокот од нејзините зрели плодови. Ми се здрви. Таа ми го откопча шлицот на панталоните. Лудост беше сето ова што се случуваше нејзиниот здив одекнуваше. Се палев како животно кое чека да ја рас-кине својата жртва и го ставив меѓу нозе кои ги бев подигнал нагоре. Не ми требаше многу. Можев да свр-шам за две секунди. Оваа жена ме полудуваше. Незината дунда беше скроена за мене. Со прстите си го триеше клиторисот додека водев љубов со неа. Свршивме во иста секунда и двајцата. Паднав врз неа како истоштен труп. Таа седеше скаменета. Само дишеше длабоко. Осети тежина па почна да ме турка со рацете. Се подигнав. Ја по-гледнав. Ѝ светеа очите. Зениците ѝ беа ширум отворени. Молчевме и двајцата. Потоа ме замоли да и кажам каде престојувам. Ја сврти гондолата во тој правец. Си го подигна корсетот и ги покри своите дојки. Од својата чанта извади картичка. На неа го имаше нејзиниот број. Потоа ме замоли да се симнам на следната станица.
Ме бакна в образ, а потоа се изгуби во ноќта. Не можев да заспијам се до зори. Се превртував ко лудак во кревет. Мислев на неа и оваа ноќ. Како да беше сето тоа сон од кој сега изутрина ќе се разбудам. Се препотував.
Ми беше на моменти студено и топло.
Сум заспал во зори. Кога се разбудив веќе беше пладне. Изрипав од кревет. Имав десет пропуштени повици на телефон. Ме барале од работа. Ах ја испуштив и својата презентација. Порачав црно кафе без млеко. Ги барав своите цигари. Немав сум ги испушил. Нарачав да ми купат. Не бев гладен. Бев мамурен се уште. Не се сеќавав дека пиев. Го зедов телефонот и го свртев нејзиниот број. Никој не се јави. Го испив кафето испушив пола кутија. Се вртев во круг од една страна на друга. Се облеков набрзина и излегов. Отидов на плоштад. Гулабите беа таму неа ја немаше. Пак вртев. Никој не се јави. Дали е можно ова? Станав нервозен сакав да ја видам. Не можеше само така да исчезне. Сега кога конечно го пронајдов својот извор од кого можев да ис-црпам тон стихови не смеев да дозволам да се изгуби. Се вљубив во таа жена. Се колнам пуштив и солза за неа, дури се молев да се појави. Кога свртев последниот пат ми се вклучи некој во позадина. Бројот што го бирав не постои. Никогаш повеќе нема да ја видам. Мостот на заљубените се уште беше празно место за мене. Таму решив со неа да зачекорам. Не ја пронајдов повторно. Не ги мрднав своите нозе. Беа закопани во тињакот од каналот заедно со моето срце. Мојата желба за неа растеше. Станав зависен од една жена која не ја познавав. Тие очи. Такви очи знаев дека не ќе најдам пак.
За два дена заминав оттаму. Се вратив дома. Мајка ми беше заминала во Шведска. Бев сам. Кога ги пребарував џебовите од својот капут најдов стуткано ливче. На него пишуваше „ти благодарам“ Џоана.
Никогаш не разбрав што значи тоа. Само дека сѐ би дал да се врати таа ноќ… Да се врати Џоана.
ОБИЧЕН ЖИВОТ, ОБИЧНИ ЛУЃЕ
Ми недостасуваш! Ноември мириса на тебе. Сувиот студен воздух ми ги дразни ноздрите додека минувам покрај Вардар. Го дишам смогот од возилата и секоја моја мисла си ти. Јас не го познавам Скопје. Ниту пак ги познавам неговите улици. Ти никогаш не ме оставаше да чекорам сама по нив. Бев новодојдена, изгубена. Не го сакаше ниту мојот дијалект. Ти беше смешен, на моменти ти звучеше одвратно. Секогаш ме предупредуваше да не зборувам така „звучи гадно“.
Се смеев на тоа, зошто бев подготвена да заборавам всушност која сум и да бидам она што го посакуваш ти. Ти реков дека пишувам, дека сонувам еден ден да станам голем писател, и секоја своја песна, реченица ти ги посветив и ти ги дадов тебе. Друго ништо немав да ти дадам. Поезијата и своето срце.
Те лажев кога ти реков дека можам се сама да сторам, дека можам преку се сама да поминам во животот. Ја глумев храброста, гордоста и раскошниот начин на живеење. Тогаш немав ништо освен стравот да бидам она што сум навистина. Се плашев дека ќе заминеш во моментот кога ќе ја слушнеш вистината за мојот живот.
Дали знаеш што е тоа судбина и дека од неа не можеш да побегнеш? Она што ти го запишале кога ќе се родиш, од тоа не можеш да побегнеш. Колку и да се различни патиштата по кои чекориш на крај се враќаш оттаму каде што си дошол. Јас никаде не тргнав, ниту еднаш не се помрднав од своето место. Се плашев од осаменоста, секогаш кога ќе заминеше ти јас останував сама. Ти завидував за секој слободен чекор. Беше свој, единствен.
Го љубев многу, како никого до сега. Седев наспроти тебе и ти зборував. Ти раскажував приказни наполу вистинити, изобличени, исполнети со лаги. Ти го раскажував животот што отсекогаш сум сакала да го живеам. Се почувствував мала во споредба со тебе. Нeмав ништо освен својата имагинација да ги подредам ра-ботите и се да изгледа фино и нормално. И во секој дел од ноќта се споредував со тебе и барав само еден миг во кој ќе блеснам и ќе можам да застанам покрај тебе. Всушност барав причина поради која ќе сме еднакви ние двајца. Не ја најдов. Морав да измислувам да се кријам во позадината на туѓите животи убедувајќи те со својата слаткоречивост дека сум навистина поинаква од другите. А заборавив дека сите сме луѓе под исто небо. Ја чув-ствував топлината во твоите очи кога ме гледаше. Се препотував додека те слушав кога ми зборуваше за своите патишта. Ми се ежеше кожата. Јас никогаш за овие 25 години ја немам напуштено својата земја не смеев тоа да ти го кажам. Се плашев да не ми се пот-смеваш. Не ми беше јасна причината што те натера овде да седиш со мене. Не бевме во ресторан не можев да те однесам на вечера немав доволно пари, ниту пак на море иако беше лето, ниту пак можев да те однесам дома зошто немав доволно место каде да те сместам за спиење. Ми беше срам да ти покажам каде живеам. Дури не ти ни споменав дека сме во тешка беспарица и дека татко ми е четири години невработен. Поради неговата невработе-ност јас не успеав да го завршам факултетот. Тој ден пред да се сретнеме бев на пазар, ги продавав цвеќињата на дедо ми за да можам да излезам со тебе. Заработив 500 денари. Навистина бев среќна. Не се срамев од сопстве-ниот труд. Само ти реков дека ние одгледуваме цвеќиња. Сакав да звучам самоуверено да сфатиш дека и јас имам нешто свое. Ми се допаѓаа твоите очи зошто беа прекриени со големи густи трепавици. Колкава беше бол-ката која ме разделуваше на парчиња. Не те познавав не можев да ти кажам. Полесно е да бидеш цел живот вино-вен, отколку да ја признаеш вината и истата напола да ти се прости.
Ме бакна! Неочекувано! Го изгубив здивот. Се тргнав од твоите усни. Си го слушнав срцето. Биеше ко лудо. Гласно и неуморно. Ми играше жилата на вратот од јачината на мојот пулс. Се обидував да се смирам, но само своите усни ги спуштив на твојот врат кога те прегрнав. Одамна никого не бев така прегрнала. Заборавив како е кога на некому ќе му пружиш раце. Ти го разбра секое нивно движење, секој благороден гест. Се насмевна благо. Немаше од што да се срамиш. Почувствував мир. Ми се приспа и покрај врелиот ветар кој ми влегуваше во коски. Се смеевме едногласно додека ги убивавме со еден удар комарците кои се насладуваа од нашата крв. Твојата беше послатка од мојата. Сето тоа беше слатко. Ти ѕвонеше мобилниот. Се јавуваше, го потврдуваше своето присуство но своето заминување од мене го одолговлекуваше.
Те фатив за раце и тргнав. Беше два часот по полноќ. Летна времето. Ме фати за рака и не ме пушти ниту една секунда да зачекорам сама. Се потсмевав на својата висина. „Потребни ми се моите високи штикли“, си помислив.
Тогаш заборавив на судбината. На огонот со кој си играв од дете. На своите родители, на својот дом, поминав покрај многу луѓе по улицата и ниту еднаш не се исплашив и не свртев позади себе за да погледам дали некој ми се потсмева. Ништо не постоеше се исчезна толку лесно. Сакав да ти кажам не оди. Остани, таму каде што си. Не напуштај ме. Јас умирав секоја минута, секој час, секој ден пред тебе.
Твоето присуство не беше во план. Ама ете се случи. Но убавите мигови не траат многу, заминуваат брзо се што останува од нив беа само сеќавањата на нив.
Кога замина знаев дека повеќе нема да се вратиш.
Ти разбра се. Дури и она што ти го имав премолчено. И не ме осуди за сите мои навики но ме налути кога се обиде да ги смениш. Но пак ти се покорив, зошто тоа што ти го имаше во себе не смееше да биде погрешно или пак неразумно.
САРА
Неделава не спиев. Минував низ пекол. Одамна заборавив како е кога очите ќе ти пресушат од солзи. Плачев како никогаш досега. Неговото отсуство болеше. Те-лефонот ќе ѕвонеше по сто пати на ден, тој пак немаше да се јави. Се повлеков во својата школка и замолчев за-едно со болката. И реков добро вечер, одамна те немаше. Се отиде во еден миг. Остана молкот, а тој… Тој удираше в гради непрекидно. Прашалникот стоеше во мојата гла-ва, го носев на моето чело и проклет да си заслужив еден одговор за овие две години…
Како на клинци да седев во автобусот. Досега не бев почувствувала толкава вина, толку многу страв дека ќе те изгубам. Знаеш ли колку те љубам? Не, не знаеш, да знаеше не би ми го правел ова. Во ушите ми зуеше она твоето заборави ме дека постојам, толку едноставно и ладнокрвно кажано, како ништо да не било, како да не сме тоа ние двајца. Очите ми беа полни со солзи додека се возев до последната станица до Главниот град каде живееше ти. Патував за да најдам малку мир, а мојот мир беше онаму каде што спиеше ти. Пак вртев, ѕвонеше ти не се јави. Сонцето ми го печеше лицето кое што се беше стегнало целото во грч. Срцето биеше. Се молев. Бев заборавила како се прави тоа, сега после толку години се молев. Молев за твојата љубов. Ова не беше можно, ова не се случуваше. Внатре вриеше од луѓе. Тие патуваа по работа, некои од нив беа студенти ги листаа своите скрипти… Јас патував за да ги погледнам твоите очи. Имав само два часа после морав да се вратам. Ти никогаш не сфати дека секое мое враќање и одделување од тебе, беше претешко за ова мое срце, и се што за тебе беше нормално за мене беше нелогично. Досега немав сретнато таков човек со толкав егоизам, човек кој никогаш не помисли на нас двајца туку само за себе за своето добро. Не те познавав повеќе, а те љубев, проклета да сум.
Кога стигнавме на автобуската станица те барав со поглед, се надевав дека ќе ме изненадиш, дека ме чекаш…Не те најдов. Низ образот ми протече солза. Колку беше овај град одвратен и празен. Стоев сама неколку минути. Се средив отидов до тоалет. Ми се згади. Купив вода голтав една голтка и излегов по такси. Не знаев како да дојдам до плоштад. Не научив никогаш зошто обожував ти да ме водиш и да чекориш до мене. Ја сакав твојата висина покрај себе. Ми недостасуваа твоите критики секо-гаш кога велеше како ова, зошто она итн. Не бев доволно добра за тебе, тоа секогаш добро ми го ставаше до знаење. Како одминуваше времето научив и со тоа сознание да живеам.
Фатив такси. Ме возеше до тебе. Ѕвонев. Се јави. Срцето ми отскокнуваше од среќа. Се насмеав. Си реков се уште ме сака, а зошто не. Ништо повеќе не беше важно сега кога те чекав во ресторанот. Го очекував твоето лице, твоите зелени очи. Целиот тој очај прерасна во надеж дека сѐ уште ништо не згаснало. Морав да го видам тоа твое лице да ја проучам секоја негова црта, да потонам во секој твој израз, доволно беше.
Се наведна ми го подаде образот за бакнување. Ме гушна како да прегрнуваш човек од улица што го познаваш петнаесетина минути. Не го слушна врисокот на моето срце, ниту го виде сјајот во моите очи. Ништо не виде ти. Мојот глас трепереше, ни тоа не го слушна. Кој беше тоа до мене толку блиску, а толку далеку? Човекот кој го љубев или странецот кој не сакаше да ми ја подаде својата рака за да ми олесни барем малку на душава. Не те познавав. Зборувавме како пријатели, партнери во фирма, како двајца вработени што работат на ист проект, како соседи кои го пијат утринското кафе заедно оговараат малку и после секој си ја гледа работата. Дури ниту моето доаѓање не ти значеше нешто. Било обично, не било голема работа. А мојата борба со твојата рамнодушност на тоа не помисли. Дали знаеш дека неверството е помалку болно од твојата рамнодушност, твоето отфрлање, твоето понижување. Во главно зборувавме за па-ри. Твојата промена беше поради немањето пари. Се мо-жев да прифатам но тоа не можев. Од кога љубовта се губи поради пари? Од кога сме луѓе ако само имаме пари? Од кога мојата душа ја продадов за пари, од кога ти замина од мене поради пари? Секогаш! Да можев сѐ ќе ти дадев, сѐ ќе ти понудев, ако тоа беше клучот да ја отворам вратата од бездната и да избегам се ќе дадев, продадев. Се задолжив само ако тоа беше цената што требаше да ја платам за ти да ми се вратиш. Јадевме. Секоја голтка беше камен во моето грло. Ми беше потребен. Сфатив предоцна. Ти ја допрев раката ме отфрли. Те љубев и полека умирав во тој миг. Кажа дека заминуваш на одредено време, дека си одиш, дека повеќе нема да се видиме, а не ме праша дали воопшто сакам да заминеш, не ме праша, ниту се запраша како ми е. Јас повеќе не бев важна, не бев повеќе дел од твојот живот, тоа го видов во твоите накосени очи кои едвај чекаа да заминам. Ја видов и неа. Се викаше Сара. Молчев не реков ништо, а знаев, се знаев. Тогаш сфатив дека Сара е име на кучка која можеби ми го зеде љубениот, а не сфатив дека всушност од мене немаше што да се земе. Станав. Сѐ што ми остануваше е да се помирам и тргнам назад, знаејќи дека те загубив засекогаш. Те замолив да ме испратиш до автобуска. Не те пуштав, зборував, ти кажав дека немам намера да те пуштам да си одиш од мене, но и самата знаев дека ако ти не сакаш јас повеќе не можам ништо да сторам. Се борев со твојот егоизам, ја продадов и својата душа, го загубив и своето достоинство, ја загубив и својата гордост, а знаев дека јас не сум жена за тебе. Тоа што ти го бараше јас го немав. Бараше пари, статус во општеството, убавина на која сите ќе им завидуваат, како и една добра причина за да и се допаднам на твојата мајка. Дали Сара и се допадна? Немав ништо од тоа го имав, веќе ни срцето одамна ти го дадов.
Кога стигнавме до крајот едвај ми ги допре усните, како да те присилив на тоа. Мислеше на неа. Камо да можеше да го осетиш срамот во градиве. Се срамев од себе и од оваа љубов и од сето она што не бев и бев, од сето што имав и немав, а што имав, немав ништо добро за да ти застанеш до мене повторно како некогаш.
Понекогаш ние луѓето знаеме да одлетаме со своите соништа некаде далеку. Да љубиме до бескрај. Така јас тебе те љубев, сѐ уште те љубам и те чекам…. Би се вратил ли?
Додека автобусот луташе назад вирев преку прозор во далечината. Знаев дека повеќе од нас не остана ништо го видов тоа во твоите очи таму на улицата кога избега и повеќе не се сврте. Го видов и нејзиниот темен лик долгнавестото лице кое ти се насмевнуваше меѓу дрвјата горе во планините, нејзината тенка искривена фигура и се она што беше таа додека чекоревте заедно. Плачев без солзи. Дали знаеш колку те љубам, проклета да сум!
СЕ ВРАТИВ
Ѕвонеше телефонот. Беше еден часот по полноќ. Те чекав. Заборавив како беше да те чекам. Го затворив ова поглавје одамна во животот. Си ветив себе си нема да се вратам, никогаш не би се вратила ама… Ти знаеш се!
Повторно ја заебав работата. Уште една рана само што овој пат не бев сигурна дека ти ќе можеш да ја избришеш. Излегов кришум на прсти криејќи го секој мој шум секој мој чекор. Сакав оваа јунска ноќ да ги покрие сите мои траги, како да не сум жива, како тоа што чекори не е човечко суштество туку некој дел од природата. Ја чекав оваа ноќ со години. Кога заминав последниот пат не реков ни збогум зошто се плашев од звукот на старите ноти кои одекнуваа во ноќта кога чекорев по истата патека наназад со години.
Овој пат ова не бев јас. Тоа беше делот од мене кој талкаше неутешно барајќи утеха и едночасовен сон. Се колебав неколку минути. Знаев што бараш од мене, а ти го немаше она што јас го барав насекаде. Моите темни очи беа бледи. Не знаев да го кријам бесот кој го носев во себе, како ни гневот кој произлегуваше од молкот и со-знанието дека загаснало се.
Мирисот на пролетта ми го исполни секое сетило, додека го вдишував преку прозорот од твојот автомобил. Ми подаде рака и ме стегна цврсто. Го осетив твоето машко задоволство, среќата дека пак ќе ме имаш, надмоќта и арогантноста сплотени во моите бујни гради кои како да не отскокнуваа од чукањето на срцето. Внатре се беше мртво. Тогаш ја свртев главата од асфалтот и погледнав во твоите зеници и упив, земав се за да ја покријам мојата немоќ дека љубам некој, а него повеќе го нема. Не успеав да го сокријам болниот израз ниту пак својата истоштеност зошто ти ја знаеше секоја моја гримаса, секое мое повлекување, секое мое климање со глава ти знаеше се. Ме бакна тивко без глас само рече „ќе помине“.
Не помина, ниту една секунда, ниту една минута да не помислам каде згрешив. Ми недостасуваше твојот мир, како и старата постела која беше фатила прашина. Си ме чекал и ти мене да се вратам. Само тоа не го призна. Стисокот на твоите врели дланки, упивањето на моите усни, знаев, сфатив колку ти недостасував.
Тогаш зошто ме пушти со години да лутам. Зошто не рече не оди, остани буди се овде со мене, зошто само ме пушти без збор, без ниту едно противречење. Ти знаеше, беше сигурен дека твојата птица ќе се врати.
Ми трепереа усните. Плачев во себе. Одамна беше кога бев жена. Кога се будев до како жена. Тогаш не помислив на нас. Имав се, но пак немав ништо. Ти си осамен. Твоите усни беа студени, јас бев осудена. Ми се судеше за најголемиот грев. Очајувањето, од таму произлегуваше стравот дека повеќе никогаш нема да бидам своја.
Ја положи својата глава на моите гради, слушна ли некаков шум. Имав мир. И секое твое движење на рацете, усните ме воскреснуваше.
Повторно секоја ѕвезда се губеше од небесниот свод, згаснуваше секој блесок во ноќта. Јас тонев и сону-вав на твоите гради. Бев уморна. Постелата наоколу изгужвана, ја осеќав под своите малечки стапала. Кога ги отворив очите изустив скоро нечујно: „се вратив“, а ти само се насмевна!
ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ
Утрината мирисаше на цимет. Блага свежина ми влегуваше преку прозор. Ја подадов својата рака кон тебе, твојата страна беше празна. Ги отворив очите. Од кујна мирисаше на кафе. Се смирив. Нашето утринско кафе ме правеше жив. Се свртев на другата страна очекував дека ќе ме повикаш како и секогаш. Ќе ја наведнеш својата глава над мене и со мократа коса од која капеа врели капки со мирис на лаванда ќе ми посакаш добро утро. Низ соба пак ќе ми се ширеше твојот мирис. Почекав неколку минути те немаше. Тогаш се кренав од по-стела. Осеќав бодеж во градиве. Не се исправив веднаш. Седев неколку минути така нерасонет. Ми пречеше све-жиот воздух. Станав затворив прозор. Кафето беше во дневна на маса. Ти беше подготвена. Заборавив дека е недела и дека не работиш. Те бакнав и седнав наспроти тебе. Не видов насмевка. Само твоите ширум отворени очи.
Почнав да размислувам на глас. Денес ќе пешачиме на Водно. Се уште важеше договорот од вчера. Потоа ќе отидеме заедно двајцата до маркет. Денес моите ќе дојдат на ручек. Требаше да се готви. Јас бев ѕвер во готвење. Денес ти требаше да ја вклучиш машината за алишта и да го исчистиш станот. Ќе ја направиш и мојата омилена торта. Цела недела не се видовме убаво од обврски. Ми недостасуваше твоето лице. Денес ти ќе ме галиш и на секој даден чекор во овој малечок топол стан ќе ме бак-неш ќе речеш те љубам најмногу до последниот здив.
Денес е недела мојот омилен ден зошто јас уживам во тебе, во нас.
Додека зборував ме гледаше без да трепнеш, без да ме прекинеш. Тогаш замолчев зошто тоа не личеше на тебе. Ја испушив цигарата. Кафето ти стоеше на маса недопрено. „Јас заминувам“, рече. Не сфатив, не разбрав за што зборуваш. Мислев ќе одиш на работа. „Денес е недела“ рече. Потоа се разбудив. Осетив болка во коле-ното. Го бев удрил во нешто кога изрипав од кревет. Се вратив во соба. Таму ме чекаа куферите. Се беше сместено убав спакувано. Се беше од плакар испразнето, извадено се што беше твое. Ме гледаше остро без страв дека можам да полудам.
Твојот цинизам само ме дотолчи. Бев слаб не можев да мрднам ниту да изустам нешто. Едвај зедов здив. Седнав на креветот. Се гушев. Поминав со рака преку својата проседа коса. Бев старец. Изгубен.
„Зошто?“, реков едвај, се што успеав да слушнам беше „така требало да биде “.
Ништо од ова не требаше да се случи. Сакав да речам остани. Сакав да те запрам. Сакав да те стегнам во свои раце и да не те пуштам никаде, никому, но толку многу бев слаб што повеќе ништо не беше важно. Единствено важно беше ти да бидеш среќна. Во себе вриштев но ти реков оди не се враќај повеќе. Во себе те преколнував да се осврнеш да ме погледнеш за последен пат, да видиш кого оставаш, во себе те жалев и тебе, а и самиот себе зошто те љубев како никогаш до сега.
Се кренав со последните сили и јасно реков „оди“. Останав сам во соба. Зад себе го чув чкрипењето на вратата и трескотот кога ја затвори ветрот од провевот. Оста-нав сам со себе. Тогаш низ лице крена една солза… За последен пат!
ПРОВИНЦИЈАЛКА
Те слушав како зборуваш по телефон. Не беше разликата во години што беа петнаесетина години разлика едноставно не се разбиравме. Бараше нешто што јас не можев да ти го дадам. Го немав она што тебе ти беше потребно. Помина се. Ти ги слушав плановите за во иднина ми годеше тоа што во секоја реченица бевме „ние“, а не „јас“. Ми измамуваше насмевка на лицето. Имав мана да одлетам некаде далеку со умот. Да замислувам нешта и да се претворам целосно во нив да им се предадам. Потоа кога се враќав од своето петминутно патување станував студен брег без бранови од трошка топлина која понекогаш знаеше животот да ми ја прати.
Не можев да те љубам, тоа беше невозможно. Не можев ниту да те гледам, не ми се допаѓаше твојот лик, твојата седа коса и белите влакненца од брада што ти растеа неправилно по лице. Забите ти беа пожолтени. Пушеше. Не го сакав твојот мирис ниту твојот згужван став, нажалената гримаса како да ти се срушил сиот свет, како и повлеченоста во себе дека чуваш нешто свето. Ја глумеше мистериозноста, беше убиствено она твоето „напатена душа“. Не сфати кога ја видов проѕирноста на твоите очи од плави стануваа сиви секој пат кога ќе изла-жеше за нешто ама ти не лажеш ти си добар човек.
Јас бев провинцијалка. Бившата на твојот другар кој одеднаш не ти беше повеќе другар зошто ти требаше да ме однесеш во кревет. Му го сврти грбот на човекот кога реков дека барам само една ноќ со тебе. Всушност не барав ништо. Си правев бајрам на мозокот. Она што го носев во себе не беше ништо друго освен болка на која не и се гледаше крајот. Го молев. Го барав. Повеќе го немав. Твоите муабети беа празни. Беше напорен дури по телефон. Таа твоја напорност ме вадеше од такт. Како никогаш до сега. Ме фаќаше нервоза кога и да зборував со тебе. Сакав само да ти пишувам. Сакав да бидеш мој виртуелен роб, да ти ја зезам душата, да замислувам дека си друго нешто. Да ти го менувам ликот во мислите. Да бидеш убав како ликовите од бајките. Да бидам задоволна само од она што ќе напишеш. Не сакав да ти ѕвонам. лажев кога велев дека се срамам од тебе. Бегав зошто она што ми беше потребно од тебе не го добивав никако беше незадоволителен секој твој став така, ништо повеќе не можеше да се смени. Те искористив за да си ја смирам душичката.
Твоето зборување дека си го поминал она што јас сега го минувам не ми делуваше лековито ниту пак ме занимаше. Не сакав некој да ми филозофира како минал се и сешто. Друго е кога човек ќе осети на своја кожа како печат работите. Јас секако не бев послушна што и да кажеше ти сеедно беше. За да те послушав требаше да те почитувам ко личност, но ние од провинцијата не ја разбираме почитта. Не знаеме ништо за неа. Како студенти влегуваме во вашиот голем град со надеж дека некој ќе не ожени за ние цел живот да глумиме домаќинки. Не требаше многу да си го искажеш мислењето во врска со нас. Твоето паметување те доведе до степен да ја изгубиш сопругата која за жал морала да те трпи цели десетина години. И на крај си бил повреден како? Кој би можел тебе да те повреди ? И на крај си ја заебал работата? Дали умноболноста е заебување работа? Од кога врските и брачниот живот се заебување работа? Кога некој од стра-на би те погледнал дали би сакал да го чуеш неговото мислење? Ќе боли и тоа како ќе боли.
Ноќите беа дел од она што останатиот свет се плашеше да го изговори. А сите го правеа тоа, она едно те исто. Само додека едни зборуваа, другите делуваа. Едни ќе мечтаеја, други ќе уживаа. Оние фантазерите секогаш ќе беа емотивно осакатени зошто никогаш не е доволно само да си емотивен. Додека оние кои уживаа деноноќно секогаш го носеа називот „напатени души“. Нивната напатеност ја носеа помеѓу своите нозе. И сето она што ти се обидуваше да ми го натовариш за да на крај испаднеш добар човек немаше никаква важност за провинцијалка ко мене.
САМО УШТЕ ЕДНА ОБИЧНА ФАРСА ЗАПИШАНА НА ПАРЧЕ ХАРТИЈА
Мојот брачен живот смрдеше. Патував ко луд секој ден, по цела ноќ. По 300 км дневно. Имав работа. Бизнис. Ја оставав сама со две мали деца. Ме убиваше нејзиниот диктаторски став. Не ѝ беше лесно знам но ми беше потребен зрак од слобода. Како да изгубив се. И гледав во зелените очи. Беше убава. Имаше фаца за поебување до стотка. Затоа и ја оженив беше добра. Малата плачеше.
Влегов во кола и само набрзина избегав. Реков „имам работа“, лажев идев по неа.
Отворила нов профил ја најдов конечно својата бивша. Ја немаше две години ме остави за мојот најдобар другар. И го видов ликот на профилната ми се дигна. Ѝ пишав. Чекав пола час не ми врати. Се нервирав. Сакав да ја имам пак. Беше нешто навистина преубаво и нежно. Се чувствував свој со неа. Ми врати. Рипнав од место. Ѝ побарав број ми го даде. Бев повторно во игра. Се вратив. Се смешкав задоволно по патот.
Беше осум часот изутрина. в се јавив. Сакав да ја видам и реков дека доаѓам. Се смееше. Ѝ годеше моето навалување. „Ќе пиеме кафе, на кратко после работам втора смена“, рече. Бев млад и луд по неа. Толку луд што нејзиното отсуство за овие две години ме болеше до бескрај. Го смени бројот за да не можам да ја најдам.
Возев ко лудак некој, 100 км поминав за час. Таа ме чекаше. Ми беше нарачала кафе.
Ми ѕвони пет пати да ме опомени дека доцнам. Се смеев. Таа воздивнуваше.
Некогаш многу ме љубеше. Мојата бивша девојка. Беше нашминкана имаше кармин на усните. Ми се допаѓаше нејзината кратка коса.
Беше убава на свој начин, опуштена и полна со енергија. Ја доживував ко нешто свое. Пиевме кафе зборувавме, всушност јас зборував а таа ме слушаше, беше добар слушател како и секогаш. Беше се но не беше моја. Носеше тага во очите иако се обидуваше да го сокрие тоа, но проклетникот ја дотолчил. И го изронил духот. Таа тоа вешто го криеше прво од самата себе, а потоа од останатите. Сакав да ја допрам, да ја почувствувам нејзината мекост, да осетам зошто сум жив. И јас бев крвопиец сакав да се нахранам од неа, да ја впијам цела. Ми го избегнуваше погледот, кога зборуваше гледаше настрана како да се срамеше од нејзиниот очај. Таа го љубеше се уште. Го слушнав треперењето на нејзиниот глас, се гушеше во неисплакани солзи. До кога? Кога и да е ќе пукне, секое срце не може да издржи така беше мојата малечка. И заѕвони телефонот, мораше да замине. Ја ба-раа од работа. Реков дека вечер ќе ја побарам. “Те молам немој“, само тивко изговори. Сакав да водам љубов со неа таа тоа го знаеше. Ја бакнав на образот и заминав.
Не беше завршено ништо. Имав жена и две деца и бев лут и луд.
Во десет часот ме чекаше пред маркет. Ја собрав. Ја качив во кола и возев. „Каде одиме?“, праша. Се шегував но не ѝ одговарав на прашањето. Ја носев во мотел на кое друго место би ја однел. Таа вриштеше за секс. Постојано нешто ме потпрашуваше и се смешкаше. Ме замоли да ја намалам брзината додека возам. Се плашеше, а јас глумев храброст и јак фраер. Тоа кај неа не палеше. И оваа ноќ таа бараше само авантура и грам заборав.
Влеговме во соба. Појдов на туширање. Таа мирисаше убаво. Ме чекаше во мракот со телефонот во раце. Со некого пишуваше. Ѝ го зедов и го оставив на страна. Ми пречеше нејзината отсутност. Не беше овде, не беше моја. Ја бакнав на тилот и беше омилено. Моите раце кружеа по нејзиното тело. Ѝ се откина стегната воздишка се плашеше да ми се предаде. Ја бакнував ко луд од глава до петици. Се топев со неа. Ми недостасуваше за овие две години. Ме прободе нешто во гради. Некој дел во мене се помрдна. Никогаш не ја заборавив. Никогаш не можев да ја оставам, заборавам… Никогаш!
Кога ѝ ги раширив бедрата и влегов во неа само силно ми ти стегна рамениците и се припи до мене. Бев нејзината утеха. Можеби и бев драг се надевав дај Боже да е така. Но немав право да се надевам на ништо. Немав право да ја држам само за себе не смеев да помислам такво нешто ниту пак да побарам. Не можев да ѝ ветам ништо повеќе, ниту пак можев да ѝ дадам нешто освен оваа ноќ, освен своето тело, но и душата моја беше нејзина таа го знаеше тоа.
Не помислив ниту за миг на своите деца, ниту на својата жена. Господ нека ми прости грешев. И секој мој грев го носев во нејзините очи додека таа се валкаше во оваа постела заедно со мене. Таа беше слободна птица која можеше да одлета каде сака кога и да посака. Ја љубев таа нејзина неспретност, зошто дел од мене беше немирен, дел од мене се уште не се смири и луташе.
Ја гушнав до себе во кревет. Лежевме голи двајцата. Милувајќи и ги дојките тропав нешто, таа само молчеше и уживаше. Ми се допаѓаа моите допири. Ми ги бараше прстите кога ќе ја тргнев раката. Беше прекрасна, бела и нежна. Ја потпрев главата на нејзините бујни гради. Заспав.
Ме разбуди во четири испаничена, се успала. Ме будеше да ја вратам дома. Не сакав да возам, сакав да го дочекам утрото со неа. Не ми дозволи. Ме замоли да ја однесам.
Возев со полу отворени очи, а таа дремеше. Реков да го спушти седиштето да спие. Одби. По пат ме замоли повеќе да не ја барам. „Да остави на ова, како што е“, рече. Не го прифаќав тоа нејзино барање. Штотуку ја имав, не можев пак да ја испуштам од раце. Не сакав да оди. Не можев без неа.
Ме бакна пред да излезе од кола. И пак повтори да не ја барам. Ја гледав во нејзините црни зеници. И пак ја повлеков кон себе и стегнав силно на гради. Ја мирисав до бескрај за нејзиниот мирис да се рашири преку моите ноздри до секоја клетка во моето тело.
Возев назад кон својот дом уште четириесетина километри и дома бев. Имав насмевка на лицето. Се што помислив и знаев дека утре пак ќе ја барам. Во тоа бев сигурен.
МОЛЧЕЊЕ
Одамна беше! Уште пред многу години додека бев млад, додека бев луд. Како денес пак да сум на она старо место. Секоја ноќ молкум се навраќам оттаму од каде што дојдов, без глас, без збор, без приговор. И уште многу години да поминат не ќе можам да преболам,… Не! Како би го сторил тоа, кога раните се овде пред моите очи, ги гледам и ги допирам секојдневно… Се е овде, се е исто само неа ја нема повеќе. Ќе речам ти благодарам Боже! Секое утро во огледало го гледам истиот лик, со гадење, со презир и ужасна тешкотија како може уште да сум жив и покрај се? На моите прашање никогаш не ги добивав потребните одговори, зошто се плашев дека ќе го слушнам она од што со години бегав се подалеку, а бeгав единствено од самиот себе, од своето внатрешно јас, од она што многумина го нарекуваа совест,…. Не знам!
Сѐ уште се сеќавам, на она што многумина го нарекуваат болка. Ги затворам очите, но сликите се овде, минатото е тука, стои, чека, без нешто да побара, како да знае дека еден ден и нему ќе му дојде редот. Нему секогаш му е редот, без оглед дали станува збор за сегашноста или иднината, без оглед дали станува збор за солзите и насмевките, за среќните исполнети денови или присуството на осаменоста која најмалку ја посакуваме, без оглед на се од минатото никој не успеал да побегне. Каков човек да постанеш понатаму, не си човек ако не го почитуваш сопственото минато, ако бегаш од тоа што си бил, за да бидеш тоа што си денес.
Јануари, студен, сив, измачен! Мирисаше на ледина, неподнослива влажност од која ми се грчеа градите додека го вдишував струењето на ветрот со широко отворени ноздри. Чекорев полека, и секоја клетка од моето тело веќе беше накострешена од студот кој ми ги шибаше коските. Чекорев со наведната глава, не обрнувајќи се, не осврнувајќи се околу себе да ги погледнам останатите минувачи кои се џареа во мене. Можеби ги привлекуваше, одвратната реа која што ја чувствуваа кога ќе по-минеа покрај мене. Бев обичен, смрдлив партал… Ми-рисав на изгорено јаже, повраќаница, и сперма. Го носев мојот стар исцепан капут, излитен на ќошињата, бојата му беше веќе одамна изгубена, од црн постана сив. Под него на себе ја носев црвената плетенина која ми служеше и како покривка и како дебела волнена кошула. Беше изгризана на рендерите, ја изеле молците кои ги имаше премногу во мојот дрвен креденец напола искршен и отворен па во него продираше надворешната влага и мувла која се ширеше од мокрите пожолтените испукани ѕидови. Моите кафеави панталони на колениците беа неколкупати крпени, исцепени, пак закрпени со друг тенок партал, додека чевлите ми беа налик убави и нови, но нивната внатрешност беше тенка а нивниот ѓон го немаше. Кога излегував во јануари нозете ги обле-кував во црна ќеса за ѓубре, и така чекорев со нив во чевлите, нозете ми остануваа суви, но премрзнати. Тие ќесиња не можеа да ме заштитат од студот, ниту пак од мојата судбина, која си ја искроив самиот. Чекорев кон стариот мост, кај моите пријатели, кои всушност беа моето семејство. Таму престојувавме, тоа беше нашиот дом. Ваквите ко мене ги имаше многу, но и ние се делевме на групи, како и останатите нормални луѓе и несакавме непознати помеѓу нас. Иако не бевме пожелни во нормалната околина, не затоа што не бевме луѓе, туку затоа што останатите ги вознемируваше нашето присуство, ние се почесто се мешавме во таа толпа на извешта-чени лица од кои блескаа искри на омраза и ладнокрвност. Со нивните умови владееа расипаноста, подмолноста и очајот секој да биде подобар од секого па ма-кар и со уништување на човековата вредност.
Јас се викам Баци, и на само 14 години се здобив со името наркоман. Мајка ми ја изгубив на 5 годишна возраст, беше веќе одамна болна, татко имав, но тој никогаш не беше присутен во мојот живот, како да го немав. Набргу се ожени во нашата куќа донесе друга жена, му ја доведоа за да ја игра улогата на мојата болна мајка која сѐ уште беше жива но во постела, и неподвижна. Беше невозможно да се движи ја изеде болеста. Се капеше секој ден помалку, јас единствено се сеќавам на неј-зиниот сјај во очите, свежината и ведрината на нејзините погледи, начинот како ги гледаше луѓето во својот дом…И сето тоа исчезнуваше со текот на времето, која од преубава силна жена се претвори во овената билка која не можеше ни да ја оживее првата утринска роса. Скотот секој ден спиеше во кафеаните. Лумпуваше до зори, пиеше и ден и ноќ, беше постојано пијан, а кога ќе си дојдеше дома само ќе се испружеше на железниот кревет полумртов и ќе заспиеше во истиот миг. Го чекав со ноќи и денови и се надевав дека барем еднаш дома ќе дојде трезен, чист и ќе праша каде сум, и како сум… Никогаш тоа не го стори! Кога ја запознав неговата втора „жена“ која што имаше 33 години или неговата љубовница како што зборуваа останатите, се исплашив од нејзините очи. Тоа беа длабоки, модрини од кои излез немаше, исполнети со пригушен гнев, осаменост, безизлезност и некаква чудна горчина. Побарав милост, но не ја најдов. На само 33 годишна возраст таа за прв пат слушнала за зборот брак, семејство. Се плашев и тогаш како и денес што се плашам, кога и да помислам на неа да, Ви признавам! Не реков ништо само молчев, стравот кој таа ми го вгнезди во утробата ми го поттикнуваше само молкот и ништо друго. Подоцна сфатив дека не сум погрешил. Мојот починат дедо секогаш велеше дека очите се огледало на душата, тие говорат за се што се крие во срцето на еден човек. Зборовите ласкави, лицемерни и улизувачки можат да не наведат да размислуваме поинаку, да веруваме краткотрајно во нешто што всушност и не постои, нешто што се нарекува човечка добрина но кога ќе погледнеш во нечии очи можеш само да го видиш својот почеток или пак да го видиш својот крај. Јас го видов почетокот на крајот на едно семејство, почетокот на крајот на моето живеење.
Понекогаш луѓето се такви не можеме да им го разбереме начинот на говорење и на се што сакаат да ни укажат, и да не поучат со нивното говорење, но доаѓа тоа време кога сите се навраќаме на оние нивни изречени зборови кои тогаш ни биле смешни, и не разбирливи но денес ни значат многу. Но не можеме да знаеме дека ка-жаните зборови имаат исто толку вредност како и пишаните.
Деновите минуваа, и секој ден значеше повторно враќање во пеколот. Татко се претвори во уште поголема пијаница, со ноќи не си доаѓаше додека Таа проклетата сиот свој бес го истураше на моите плеќи, со нејзините камшици. И бев роб кој ако не ги извршуваше нејзините наредби ќе го пикнеше во подрум и ќе го претепаше до смрт. Глуждовите не ги чувствував со денови, а рацете и нозете ми беа постојано пурпурни, изрезбани од ударите на камшикот. Таа беше луда, а јас немав никого за да ме заштити од неа. Нејзината полна грамадна појава, од која се тресеше земјата додека ја удираше со своите тешки стопала и нејзиниот глас правеа целина која и самиот ѓавол не би се осмелил да ја прекине или уништи. Таа беше посилна од се!
Денес знам дека тоа не е така за се е виновен мојот молк. Молчев со години наназад, не зборував ништо, ни денес не зборувам но пишувам, пишувам, да!
Мајското утро мирисаше на веќе расцветан јорогован. Насекаде се слушаше зуењето на пчелите кои беа гладни за пресниот прав кој се криеше во новиот лик на цвеќињата. Насмевки од разиграни деца, џагор, и весели крици беа насекаде. Стоев покрај прозорецот и си ги пoгледнував рацете. На десниот глужд имав белег од нож. Таа ме исече кога не сакав да кажам дали јас сум го изел колачот кој таа го подготвила за нејзините гости. Тој ден беше премногу болен, не сакам за него да зборувам, само знам дека останав долу во подрумот заедно со стаорците и темницата. Тие деца таму на улицата што ги гледав занесено преку прозорот имаа детство, беа среќни. Нивната среќа ѝ се оцртуваше на нивните зажарени полни образи, од кои зрачеше здравиот живот. Ми се насолзија очите, тогаш таа влезе во собата ме фати за мојата обрасната светла коса и ме влечеше по темниот пропаднат под без да ми каже зошто. Потоа ме седна на сто-лицата и ме гледаше во очи не зборувајќи. Ме гледаше така неколку минути, кои ми се присторија цела вечност, па проговори:
– Ти му рече на татко ти дека те тепам?
Јас молчев, знаев дека молкот ја излудува, таа правеше се само никогаш не молчеше, дури понекогаш си зборуваше самата со себе имаше некоја писихичка пореметеност кога стануваше збор за молкот. Од него се плашеше.
– Те прашувам за последен пат ти му рече на татко ти дека те тепам, малтретирам и дека од мене ти е таа модрица на левото око, одговори ми зошто ако не го сториш тоа ќе биде полошо
Тогаш кога ги слушнав тие предупредувачки зборови кои доаѓаа од нејзината погана уста почувствував олеснување, зошто не можеше ништо полошо од ова да се случи се што остануваше е Таа да ме убие, а тоа не можеше да го стори, зошто беше кукавица, плашливец облечен во обичен мршојадец. Таквите ко неа се хранеа од слабостите на луѓето, стравот кој им го вгнездуваа под кожа секако ако тоа им беше дозволено.
– Што има полошо од ова? Што полошо би можело од ова да се случи? ( ја прашав, не трепнувајќи, лутајќи некаде далеку со погледот преку печката за огрев која стоеше наспроти мојата столица прилепена во долниот агол каде ми беа усмерени зениците)
Нејзините усни се свија и заострија на краевите. Ми се пристори дека ги развлекуваше во насмевка но сеедно беше веќе се. Како да ја изгубив силата да ѝ се противам, и да го изразувам својот инает и својата болка преку спротивставувањето и недејствувањето. Во истиот тој миг сфатив дека не постои некој што би ме спасил доколку самиот не го сторам тоа. Кога човек е сам, се што му останува е да се брани, било со уништување на непријателите или со нивно славење, или со самоуништување на својот дух и немарливост кон околината. Истата таа немарливост беше притворена душевна борба против се она што не чини и не е вистинско, лажно, неразумно… Притворено, проклето, проколнато од измачениците.
Кога си замина денот, додека мракот се ширеше во дворот од стариот расцветан багрем се рашири благ пријатен мирис кој го наговестуваше мојот нов почеток, заминувањето од својот дом, збогувањето со мојата соба и белиот мек душек, мајската ноќ мирисаше на почетокот на моето уништување, почетокот на мојот крај или мојата смрт…
Во војничкиот ранец на татко ми собрав неколку работи кои ми беа потребни да преживеам. Таа ќе се врати кога полноќ ќе помине, а него пак ќе го нема. Ќе се врати за да ги оживее нејзините сили истовремено да ги обнови моите стари рани. Понекогаш ми наликуваше на оние стари вештици кои се будеа по полноќ и ги повредуваа малите беспомошни дечиња. Да ги раскрвави штотуку зараснатите гребаници кои ми ги стори додека утрината ме влечеше по подот. Морав да побегнам. Мо-јот излез од сето ова беше невидлив, ми изгледаше дека е далеку, на моменти се сомневав дали воопшто и постои, се што можев да сторам е да си заминам. Ах проклетата не спиеше, но некако со денови беше смирена. Не викаше, не кршеше. Вчера ја среди и куќата, ја уреди и мојата соба, дури ме праша дали би сакал да добијам нешто ново. Се чудев на нејзината блага ментална пореметеност, единствено се трудев да не ја гледам во очи додека зборувам со неа, а тоа го правев многу малку,
и многу ретко.
Дванаесет минути по полноќ пристигна татко. Стоев на прагот од својата соба чекав викотниците да започнат, но попусто, Таа не викаше разговараше со него тивко по прв пат по толку години како е овде. Потоа двајцата излегоа од својата соба и појдоа кај мене. Истрчав и набрзина се пикнав под јорганот. На крајот од креветот седна татко ми ме погали по косата. Кога се наведна да провери дали цврсто спијам му го мирисав здивот кој удираше на цигари и вино. Ја свртев својата глава кон него. Ги отворав очите тешко и понатаму преправајќи се дека ме будат од мојот длабок сон.
Се поткренав и слушав со раширени ушни тапанчиња и горев од желба да ја дознаам причината зо-што толку голем молк токму оваа вечер кога требаше да заминам. Да не разбрале, да не ме виделе кога го зедов ранецот од неговата соба, да мора да е тоа. Ми биеше срцето, пулсот ми удираше во слепоочниците, неосетно ми го дупчеше черепот.
– Сине твојата мајка денес почина. Од таму доаѓам. Утре ќе се одржи церемонијата во нејзина чест дали би сакал да присуствуваш?
Пак молчев… Ми се насолзија очите, рацете ми се вкочанија, а грлото остана суво со грутка камен во него таа грутка не ми дозволуваше да зборувам. Солзите се слеваа, капеа на мојата постела, капеа како никогаш до сега за сето ова време што јас ги криев и со години ги враќав назад да чекорат по друг пат да не доаѓаат до мене. Овој пат беше поинаку, ми пукна таа мала крцкава ствар во гради, се изрони на ситни парчиња. Со рацете си го покрив лицето не сакав Таа да ја гледа мојата болка и тоа уште од мали години го научив од дедо, дека болката само за себе ќе ја чуваш, твојата болка не смее никој да ја види, најмалку оние што од туѓата болка живеат. И бура да носиш во срцето на лицето нека ти грее сонцето. Таа седна покрај мене. Ми ги фати рацете и ми ги бакна дланките. Потоа ме погали нежно по моите навлажнети образи и мојата глава ја сокри на нејзините гради. Ја стегнав цврсто таа нејзина прегратка, успеав барем на миг да и ја украдам за да се почувствувам сакан. Не размислував за ништо, само дека не успеав за последен пат да ја видам жената која ме донела на овој свет и ми дарила живот. Болеше се она што веќе го немав, а немав живот и покрај тоа што бев жив, присутен и дишев. Потоа пак и го слушнав гласот кога ме протресе шепнувајќи ми на уво дека ќе добијам мало братче. Таа носи живот во неа… „Ох боже“, изустив молчејќи, зошто?
Една година помина откако мојата мајка почина. Не појдов да ја видам, ниту да се испратам со неа за последен пат. Не појдов ниту на нејзиниот гроб, сега имав кого да нарекувам мајка Таа! Таа се гордееше со тоа, доби сѐ што сакаше со раѓањето на мојот брат. Се роди тој, кој како мене и тој не знаеше каков ќе му биде животот покрај овие луѓе. Се уште стоев цврсто до одлуката да заминам. Одлучив и немаше враќање назад. Само ми беше по-требно време да се вратам на почеток, да се помирам со загубата и мирно да го прифатам поразот. Се колебав да-ли да одам или не? Тоа дете ми ги промени плановите, ми ги промени мислите, како да ми ја врати волјата што ја имав зафрлено некаде. Го сакав, тоа беше мојот брат, моја крв. Во мене се роди чувство да сакам некого, таа љубов да ја дарам нему. Таа остана иста само што сега немаше време за да ме претепа, беше окупирана со малиот.
Колку само раѓањето на човечко суштество може да ги промени луѓето. Да ги претвори во луѓе, и да им по-могне да го надминат животинскиот нагон. Додека животните се обидуваат преку физичка борба да ја сочуваат својата територија, својата власт над останатиот животински свет кој е послаб, преку нивните слабости тие го задржуваат престолот на нивната доминација, го зајакнуваат авторитетот, стекнуваат моќ, луѓето преку својот сокриен животински нагон го убиваат она најсветото, најчистото, зошто нивната умствена пресметка преминува во безредие на умот и телото и ги води до лудило. Тогаш тие би можеле да убијат без причина.
– Ти си курва, остави ме на мира! Курва, која да не бев јас ќе останеше на улица, ќе им послужеше на останатите кои ќе сакаа само да влезат во тебе. Ќе беше само една уличарка, што станатите ќе ја претвореа во градска проститутка. Курво да не бев јас кој би те зел крај себе, на 33 години, ти си луда, болна во умот….
– Што ти е тебе? Пак си пиел? А? Идиоте, пак пиеше?
– Пиев, да како и секогаш, пиев… И што сега? Да не ме исплашиш? Колку деца фрли во ѓубре а курво? Низ колку раце мина? Ова дете не е мое, тоа е плод на твоето курвање. Ти треба да умреш курво!
Одеднаш почна да мава, да крши се што имаше пред него. Ја зеде флашата што беше на маса и посегна по неа. Тогаш јас истрчав пред неговите нозе и му ја фатив едната. Не можеше да се движи беше премногу пијан. Еднаш, двапати се помрдна но јас со сета своја сила му ја притискав ногата да не може да ја крене од подот да зачекори. Зборуваше нејасни работи, пцовки, навредливи зборови, ја понижуваше, за прв пат крена рака да ја урди кога таа тргна накај него. Кога ја удри, и ги раскрвари полните усни. Малиот плачеше. Појдов во собата а таа се сокри во бањата. Со часови не излезе од таму. Јас го нишав својот брат но тој беше гладен. Ја повикав да го нахрани, не испушти ни глас. Го залепив едното уво за вратата и го слушав дишењето и пригушениот плач….
– Те молам излези, тој е гладен, потребна си му Таа повторно не се изговори ниту еден збор.
Тој се умори од плачење и накрај заспа. Татко се струполи на масата и потона во ’рчење. Кога го слушна неговото ’рчење ја отвори вратата од бањата и излезе. Влезе прво кај својот син. Го гледаше со уплакани очи, стоејќи над него. Се поднаведна да го бакне, да му посака добра ноќ. Потоа ме виде мене се уште буден, вознемирен. Застана пред мене, гледајќи ме проѕирно со своите модрини. Како повторно да ми ја проучуваше секоја црта на лицето, секој невидлив дел.
– Ти си виновен за ова. Си му кажал се, тој тебе те сака, ти си само негов син, ова малечко беспомошно суштество не. Ти бескрвнику, што те остави онаа, неподвижната да те чувам, но не… Нема да ти дозволам да ми го уништиш синот, да ми го уништиш семејството, јас тебе ќе те уништам предвреме, пред мојот син да го одделиш од неговиот татко, проклет да си што и тебе не те зеде со неа. Губи се од оваа соба од собата на моето дете, ајде проклетнику…
Ме фати за рака и ме фрли наземи. Пред очи ми ја тресна вратата. Останав повторно сам, и онаа малечка трунка надеж замина заедно со ноќта. Повеќе не остана ништо само јас, празнината која ме повлече со себе на дното. Кога веќе еднаш си стигнал до дното, знаеш дека твоето заминување од таму нема да биде лесно и ќе трае долго.
Деновите минуваа тој растеше. Беше здраво дете, врела крв во него, која му ги вцрвуваше образите, и му ја даваше потребната сила да се прерасне во силна личност. Го гледав, и му се приближував само кога таа ќе зас-пиеше или ќе излезеше некаде на кратко. Тогаш го земав во раце му раскажував за моите соништа, за убавините кои некаде далеку тој ќе ги пронајде кога ќе порасне. Секогаш две солзи ќе ми ги навлажнеа усните додека мачно и треперливо зборував. Мојот трепет, можеше секој да го види, секој кој од страна би го слушал моето зборување.
Тој есенски ден, ја наговестуваше зимата. Дождот не запираше, неговите силни капки ја бодеа земјата, гласно и неуморно. Се слеваа озгора и правеа реки по улиците. Облаците беа темни, намрштени, облечени во сивило. На моменти ќе се споеја земјата и небото ќе исфрлеа искри, светкавици, и громогласни грмотевици. Излегов во дворот Таа ме испрати да ја покријам масата под големата кајсија за дождот да не може да дојде до неа. Се плашев од грмотевиците, моето тело се тресеше и од студот и од самата помисла дека Таа ова го прави за да ме повреди, а за тоа да се чувствува помалку виновна. Ми беше потребно многу време. Ми се лизгаа рацете од дождовната вода, од калта во која ми пропаѓаа нозете. Паднав неколкупати. Но на крај успеав. Влегов трчајќи, немарејќи за калливоста, на моите црни гумени чизми. Кога Таа ја виде гадотијата што ја внесов внатре во куќата се накостреши, нејзиното бело лице се претвори во вулкан пред ерупција, дури модрите жили и се појавија на вратот, испакнати, подуени, сфатив што ме очекува. Зеде залет во чекорењето и за секунда беше пред мене. Ми урди шлаканица од која ми потече крв од устата. Еден заб од мојата уста падна наземи. Се изгубив од нејзиниот удар. Лежев многу време, на гадниот праг. Кога се кренав појдов во својата соба го зедов ранецот, и целиот каллив, исчезнав засекогаш од таму. „Конечно“, изустив и на моите усни се развлече некаква необјаснива насмевка, која правеше да полетам, и да го стигнам последното јато птици кои заминуваа од овој крај, го бараа сонцето, нашето сонце кое на сите нам ни беше потребно. Ми се ослободија крилата. Се што имав пред мене беа улиците мокри, потопени во кафено-црвена земја и жолтеникави лисја кои ветрот ги издигнуваше од земјата. Како да се обидуваше да ги врати на гранките од дрвјата кои веќе беа соголени. Преку своите детски очи ги посматрав есенските призори кои ми ги готвеше природата, слики-те, боите кои остануваа запаметени во мрежницата од моите очи…
Долго време престојував под камениот мост, каде протекуваше малата градска река. Таму имав изградено свој дом заедно со моите пријатели. А во зима преспивавме на таванот од градскиот културен дом каде се изведуваа сите културни манифестации, и театарски изведби. Не ги слушавме тие претстави ниту гледавме зошто заспивавме од топлината. Таа ни ги совладуваше премрзнатите тела.
Веќе некое време користев разни опојни средства. Секаква хемија која можеше да направи да се почув-ствувам среќно, и задоволно. Сите луѓе се трудат да ги пронајдат оние работи кои би ги исполниле, од кои тие би биле задоволни. Јас го сторив истото. Си најдов лек за моите душевни маки. Грешници оставени на милост и немилост, просјаци, грабливци, трули наркоманишта… Така не нарекуваа.
Крадевме од луѓето по улицата, ограбувавме за да преживееме, најчесто храна и пари за да можеме да набавиме малку од млечниот опоен прав, кој не издигаше високо во облаците, и не правеше живи. Подоцна кога немавме каде започнавме со нудење на нашите тела, продавање за еден грам дрога… Нашата група се зго-лемуваше од четири души бројот се зголеми на шест, и така секоја недела по еден по двајца нови, наши позна-ници се почесто ни се придружуваа се додека градот не се наполни од нашата сорта. Градот ни вриеше од зависници. Не имаше на секој чекор, во секое ќоше. Најубави од се беа нашите собирања, нашите муабети. Тогаш ќе се издрогиравме до даска, ќе залутавме со паметот, ќе го изгубевме тлото под своите задници, ќе се издигневме до небесниот свод. Потоа туѓи раце ме допираа, ме галеа и сѐ се претвораше во немирна целина, комплетна оргија, нашите тела ќе постанеа една мермерна исцелна надгробна плоча, на нејзиниот црно-бел екран ќе се појавеа многу усни, со испреплетени јазици кои се голтаа. Жени и мажи на едно место… Како од мајка родени. Без здив, страв или изречени предрасуди во раните утрински часови кога дејствието на опојните средства ќе исчезне, тогаш кога се ќе заврши. Без срам од тоа какви сме, кои сме и што сме. Немавме причина да се срамиме од она во што сме се претвориле, таквите ла-билни личности, без темел врз кој ќе се градеа карак-терните човечки принципи, без потребната доза на храброст, се нарекуваа плашливци или кретени кои секогаш завршуваа на овој или „оној“ начин. Сепак како и да е бевме живи, подвижни. Некои не нарекуваа штетници, некои безрбетници кои не заслужуваат место во ова наше општество, тие само и штетат на идните генерации, од нивните луди тинејџерски години, од нивната младост можат да создадат нови следбеници, потомци од кои ќе се раѓаат нови потомци и се така до крајот на вечноста… Сѐ додека небесниот свод не го исполнат пороците.
Додека не го исполнат наркоманишта, смрдливци…
Умрени души!
Влегов во ново отворениот бар на крајот од улицата. По уличната должина вриеше од проститутки, жени кои се нудеа отворено за премала сума на пари. Некои од нив беа убави, некои беа со милни ликови убави долги нозе витки тела само што процветале, некои беа стари и очајни одамна уфрлени во овој занает, други претепани, со лузни на нивните тела, колениците модри, со унаказени лица исечени усни, трети стоеја со нивните макроа, присилени тоа да го работат поради некои други таинствени работи, долгови, без некој друг да дознае за што станува збор. Ме гледаа љубопитно, очајно, некои ми се потсмевнуваа, други не ме ни гледаа. Кога влегов во барот никој не се осврна да ме погледне. Секоја ноќ беа истите луѓе, истите педери што морав да ги молам, зошто тие беа нашите снабдувачи. Познатите дилери на дрога. Никогаш не ми беше јасно како е можно од сите луѓе на овој свет хомосексуалците да се најбогатите луѓе, и секогаш да имаат предност во овие валкани работи. Тоа беше животот! Можеби само добро клечеа и пушеа… Не знам навистина!
Седнав покрај шанкот оддалечен зошто таму и беше дозволено да седат само оние кои што можеа да платат, а јас пари немав. Тука бев за нешто друго. Го барав Русокосиот, така го нарекуваа сите вистинското име не му го знаев, сеедно… Чекав да се појави само со него можев да се договорам на „пристоен“ начин да го добијам она за што останатите ме пратија. Внатре од чадот од цигарите не гледав ништо, не бев јадел ништо, ми се згади. Ги триев дланките кои ми се препотуваа од болката што почнав да ја осеќам, внатре ми се пре-вртуваше желудочното ќесе. Сакав да повратам. Ова не го правев прв пат, но секој пат ми се гадеше, прво од самиот себе, второ од идиотиве што ги гледав наоколу. Тоа беа луѓе на кои пресметливоста им беше на прво место, а се друго си се одвиваше во најдобар ред се разбира доколку прво ќе си го истераа ќеифот.
– О пак дојде ( ми се обрати Русокосиот, во позадината на мојот грб му го слушав длабокиот рапав глас, од кој и се креваше мојата кадрава коса)
– Да дојдов, имам потреба, знаеш… Изгледа пак истото…
– Да, да како и секого овде. Што те донесе овој пат во моето место?
Молчев зошто тој и самиот го знаеше одговорот на своето прашање. Не реков ништо го погледнав преку димот од неговата цигара која мирисаше на ментол.
– Молчиш, значи пак за истото си овде. А пари?
– Немам, и ти го знаеш тоа, затоа да ја завршиме работата и да си продолжам по својот пат.
– А не може така миличок. Ми должиш пари, а овде си за уште неколку грама, кој мене тоа ќе ми го плати? Како ќе ми го исплатиш претходниот долг, а бараш уште да ти дадам, да не виде случајно на вратата од мојот бар некој знак за хуманитарни цели? Ова не е скривалиште за наркомани.
– Го погледнав остро, но таа острина не ми одеше во полза, па затоа го сменив изразот на лицето во истиот миг без тоа тој да го забележи, молејќи го само за еден грам.
– Добро, но овој пат ќе играме по мои правила. Ќе чекориш до долниот крај на ходникот, ќе влезеш во онаа соба десно, тоа е мојата соба или канцеларија наречи ја како сакаш, почекај ме ќе пристигнам за неколку минути. Кога ќе дојдам ќе ти кажам што ќе правиме… Ајде оди не сакам веќе овде да седиш и луѓето да те гледаат.
Појдов таму каде што ми рече. Влегов во собата која беше уредена во црвено-розови бои чисто педерска, со пригушени светла покриени со црни марами и миризливи свеќи кои гореа слабо и ширеа мирис на ванила уф одвратно. Седнав во една црна плишана фотеља која се клацкаше. Чекав можеби околу пет до десет минути, кога тој се појави пред мене со уште тројца такви ко него. И двајцата беа облечени во црни кожени панталони кои беа искинати на задниците за да им се гледаат танга гаќичките.
– Вака миличок, ги гледаш овие двајца овде со мене така…( на масата пред мене стави цела ќеса од белиот прав, нормално дека не ги ни погледнав маскотите, туку очите ми истекуваа од белилото, и силната глад која ја носев.)
За да ја добиеш оваа голема ќеса треба да го направиш она што ние ќе го посакаме.
За почеток ќе им го испушиш на овие двајца додека јас ќе гледам, подоцна тие ќе влезат и двајцата одеднаш во тебе. Знам дека болката ќе ти пречи но само тоа мене може да ме задоволи, сакам да ти го слушам врескањето, и да се насладам од твоите солзи и твојата задничка крв додека свршувам, ако не сакаш ништо од ова тогаш збо-гувај се од ќесата. Ти оставам неколку секунди да раз-мислиш. Еден, два, три… Времето ти истече и што се до-говоривме?
– Да, ќе го сторам тоа изговорив нечујно… Како сакате така ќе биде.
Му ја продадов душата на ѓаволот, само за неколку грама, а зошто? Која беше мојата добивка од сето тоа кога за неколку дена пак ќе немав. Не размислував, не можев ниту да запрам, мојата лакомост растеше. Како само уште таа да беше жива, останатото одамна исчезна. Кога излегов од тоа смрдливо ванилесто собиче не можев од болка да одам. Ме раскрварија целиот од глава до петици, јадев и ќотек, ме клоцаа како пес скитник, ме носеа од ќош до ќош, плачев на сиот глас и молев да престанат но не мојот плач ги возбудуваше, ги охрабруваше да продолжат. Не знаев дека некогаш ќе помислам на својот дом, каде се родив и до некаде израснав. Тогаш тоа го сторив, можеби од причинетата болка, која во мене ги разбуди старите сеќавања, можеби од замислата дека таму е се поинаку, но болеше тоа што ниту еднаш не ме побара, а добро знаеја каде сум. Не им бев потребен, тие си беа доволни самите на себе и онака откако знам за нив тие живееја за себе. Додека го пишував ова се навраќав на многу психичко-ментални работи, денес кога сум чо-век во поодминати години се прашувам самиот секој ден, повторно како преживеав… И за прв пат го знаев одговорот… Љубовта! Откако го дознав одговорот за мојот крај, разбрав дека не сум преживеал туку одново сум се родил. Само немајќи љубов, немајќи го она најубавото тонеме, се до сопствената смрт. А има ли нешто поубаво од љу-бовта?
Стоев изгубен после неколку години се вратив назад. Повторно бев до даска издрогиран. Стоев над неовата постела, и му го слушав испрекинатото дишење. Го гледав, додека тој изнемоштен се обидуваше да каже нешто. Таа не беше овде. Не ја видов. Седнав покрај него кога со полуотворени очи зборуваше нејасни зборови. Неговите усни беа испукани, лицето облечено во жолтина, го дотолчила болеста. Му ја зедов премалената рака и ја ставив во своите студени дланки. Тој од тоа студенило како да се отрезни и избега на кратко од мракот. Ме гледаше со ширум отворени побелени зеници, овој пат успеа целосно да ги отвори. Јас молчев, не реков ништо како и секогаш кога стануваше збор за некоја тешка состојба, ситуација… Молкот ми ја олеснуваше мојата душевна состојба, зошто и немав што да кажам.
– Се врати (прошепоти тој, додека се обиде да си ја подлизне долната усна. Неговиот глас беше нечуен, ис-прекинат). Те молам прости ми… (уште еднаш проговори…Молк) Сине те молам прости ми, не сакав… Не смеев…Згрешив… Прости ми за да можам мирно да заминам на оној свет… т е м о л а м (зборуваше испрекинато… Со го-лема тешкотија која ја исфрлаше од своите широки плес-нати гради).
– Ти мене прости ми, јас немам зошто да ти простам.
Кога ги изговорив тие зборови мојата глава падна врз неговите раце, и јас липав како луд… И тој замина, јас останав сирак… Останав без него… Да можев да го вратам времето и да ги поправев работите.. Да можев да знам кога доаѓа крајот, не знаев, не знаев… ПРОКЛЕТ ДА СУМ! Го убив својот татко, човекот кој ми дари живот, кој ме создаде. Излетав како некој да ме гони од таму, како некој да ме кине и цепка, како некој да гази врз мене и да го трла својот ѓон од мојата душа, која мислев дека сум ја загубил, продал на оние развратниците… Но не, ја имав, но таа мене веќе ме немаше мене, како што јас веќе го немав него. Мракот не голта сите. Доаѓа тоа време кога само за миг ќе ги затвориме очите и повеќе не можеме да ги отвориме. Не пристигнало времето, ни ги зело години-те, и целата мака, целата среќа и тага ни ја забележало на наште лица. За жал сфаќаме дека нашите лица не се вечни само духот или името кое ќе се памети по добро или лошо.
Ја видов кога заминував. Беше целата облечена во црнина. Жалеше за човекот кој ја тепаше секогаш кога и да беше пијан. Побрзав зошто не сакав да зборувам сонеа, ниту пак повеќе да бидам овде. Пред излегување ме сретна мојот чичко, помалиот брат на татко кој изгледа веќе по неколку години конечно се вратил.
– Застани, каде одиш?
– Си одам, готово е… До тука било
– Каде ќе одиш пак, само што се врати… Ми рекоа дека повеќе не живееш овде, зошто, од кога?
– Ти човеку изгледа ништо не знаеш… Се разбира никогаш и не си бил овде
– Немој, те разбирам, ти ја разбирам болката… Но мораш да се вратиш, законски оваа куќа ти припаѓа тебе исто толку колку и нејзе и на твојот брат. Имаш дом не лутај повеќе по улиците… Доста е!
– Не, не и не…. Кога ќе одлучам да се вратам овде ќе ве известам… Ќе дознаете се, сега оставете ме на мира ништо не сакам да знам, се е исто како порано…
– Не е ништо како порано но ако така сакаш ти во ред ќе ја почитувам твојата одлука
– Ти благодарам, збогум!
Ми мавташе раце кога ја преминував улицата. Малку подолу повратив. Избљубав црвена повраќаница. Не можев да издржам повеќе. Целата претстава од која смртта ја претвораа во комедија, сите тие непознати луѓе кои дојдоа, само се смееја, глумеа и покрај нивните ожа-лостени лица. Црнината им доликуваше, но не и улогата која што сакаа да ја одглумат, нивната љубопитност не им дозволуваше да си го прикријат лицемерието, како и начинот како ме гледаа додека бев таму. Тие беа таму за мене да ме видат, и да разберат дали гласните беа висти-нити, ним смртта на татко не ги засегаше, како и лаж-ливата тага на неговата вдовица која ја ожени дури една недела пред својата смрт. Само не го видов него мојот брат. Малечкото, дали пораснало, каков е? Добро барем успеав на него да помислам.
Додека фрлен во снегот, умирав од болки, и се молев на ова студенило некој да ме забележи, погледнав во небото и своите молитви ги упатував Нему. Господ за кој отсекогаш велев дека не постои… Ниту пак верував во не-го! Таа зима ми беше потребен. По смртта на мојот татко, дрогирањето се зачести. Сите пари коишто ги додивав од Чиче ми служеа за дрогирање, за ништо повеќе. Тој не знаеше за тоа, единствено се обидуваше да ме врати до-ма, таму не сакав да се вратам и да минам низ истиот дам-нешен пекол кој веќе го оставив зад себе и одамна го изгаснав. Тогаш слушнав штикла како чкрипи на мразот. „Девојко“, ѝ дофрлив додека минуваше, „помогни ми те молам те“. Таа ми се приближи ја погледна големата локва крв која што ја имаше околу мене. Ми пукнаа вени-те, крварев, немав веќе каде иглата да ја боцнам. И тие пресушија, се исцедија. Ми ги заврза рацете за да го сопре крвавењето и повика прва помош за да ме одвезат во болницата. Гледав во нејзините тиркизно-зелени очи, каква убавина. Со премрзнатите прсти се осмелив да и го допрам зацрвенетото од студ лице во боја на праска. Пре-убава беше. Ми зборуваше многу убави зборови кои мно-гу слабо допираа до моите уши. Веќе, изгубив многу крв. Ме потресуваше, ми зборуваше, ме удираше по лицето за да останам со отворени очи. Не можев да се борам пона-таму, невозможно беше да останам жив. Ја немаше надежта, ја немаше светлината, ја немаше добрината која најмногу од се сакав да ја сретнам и да ја запознаам не-когаш. Само колебливиот студ наоколу како и секогаш истото. Доволно ќе беше барем нечии раце искрено да ме прегрнеа без за возврат да побараат нешто, без да ме обврзуваат дека некој ден тоа ќе морам да го вртам, без ниту една причина само… еднаш да ме прегрнеа.
Не знам колку време ми беше потребно за повторно да ги отворам очите. Ми се чинеше дека со години лежам во болничкиот кревет. Ми пречеше вештачко осветлената соба, жолта светлина предизвикана до старата искапе-на сијалица на плафонот, како и мирисот под ноздрите по кој се препознаваа болниците. Ја подигнав главата од перницата, осетив тежина. Устата ми беше бела и залепена, осеќав голема жед. „Вода“ – реков тивко. До мене одеднаш ја здогледав таа преубава ангелска силуета која што се придвижи скоро нечујно и ми ја наполни чашата која стоеше до мојот кревет. Рацете не можев да ги кренам, немав сила за такво нешто. Тогаш таа седна крај мене ми ја подигна брадата и ми ја држеше чашата, јас голтав, ненаситно, голтав избезумено, без земање на здив непрекинато… Таа се потргна… „Не“, ѝ реков, сакав уште но не ми било дозволено да пијам многу вода. Ја повика сестрата која што влезе насмеано во собата…
– О па ние сме будни, конечно а? Како си миличок? Како се чувствуваш?
– Уморно – ѝ одговорив кратко… – Но и жеден сум и тоа многу, Ве молам дајте ми чаша вода
– Веќе гледам си испил една, доволно е… Не смееш многу одеднаш. Се разбуди после четири дена, се испла-шивме… Многу крв имаше изгубено кога те донесоа овде… Вака ти си зависник така е нели?
Ја гледав зачудено ова прв пат некој ме прашуваше,
а јас се плашев да си одговорам самиот себе со години наназад а камоли нејзе…
– Ти веќе неколку години земаш дрога така?
– Да, така е, тоа прв пат го сторив кога имав… Не знам не се сеќавам…
– Ти веќе неколку години интензивно внесуваш дрога, некогаш прекумерно, така? Дали ја знаеш причината поради која изгуби многу крв, се сеќаваш како тоа се случи?
– Да се сеќавам, ми пукнаа вениве на рацете, немав повеќе видливо место за боцкање и така се боцкав на истите места по неколку пати дневно.
– Како доаѓаше до таа дрога?
– Како и секого што е како јас. Тоа е најмалку важно
нели?
– Дали имаш некого кој би дошол по тебе да те однесе одовде?
– Не немам, јас сум сирак мајка ми почина кога бев многу мал, татко ми почина пред две години… Но тоа е неважно.
– Дали би се согласил два пати неделно да доаѓаш на терапија која ние овде ја применуваме за сите зависници како тебе?
– Не знам, би доаѓал понекогаш… Би можел нели?
– Да, да секако ако се согласуваш, зошто да не … За сега сте добро, состојбата е во ред, во вечерните часови ќе имаш благи болки но ништо страшно, ќе поминат кога ќе го земеш овој лек што ти го дадов, ќе бидеш добро кога одредено време не би се боцкале, раните мора да зараснат, ќе доаѓаш на превивка секој вторник во неделата, а терапиите се одржуваат секој понеделник и четврток во девет часот наутро во ред?
– Да, разбрав… Кога можам да си одам одовде?
– Утре ве отпуштаме од болница
– Каде е девојката што беше овде крај мене? Дали знаете каде замина?
– А… Таа девојка ( ми се насмевна повторно блеснаа нејзините бисерни заби) таа ве донесе овде и беше овде додека не се разбуди, не знам која е знам само дека името ѝ е Марија, така се претстави кога пристигна со медицинската кола која што ве довезе, друго за жал ништо не знам, сега морам да одам ќе се видиме пак… Изутрина не грижи се ќе бидеш добро.
– Во ред, Ви благодарам многу!
Ме мачеа мислите, додека се обидував да се присетам како сѐ се случи, на се што успеав да се сетам беа нејзините тиркизни очи во боја на зелено море кое што свети благодарение на сјајните зраци кои се капеа во бурноста и брановитата разиграност. Таа морска длабочина во која се лееја брановите, плискајќи и удирајќи во морските гребени. Видов мир во тие природни бои, про-најдов нешто необично, истовремено многу живот и ведрина која што пленеше. Сакав повторно да ја видам, да ѝ се заблагодарам тоа не би го сторил секој, уште помалку не за некој кој живее за порокот што го носи во својата крв, ја труе и ја прави гнила.
Гниеш не мислејќи дека убавината е гнила и не трае долго, се останато е гадотија и човечки измет.
Утредента излегов од болница. Надвор ме чекаше мојот Чиче. Ме зеде и однесе во мојот стар дом. Таа беше таму, знаеше дека доаѓам… Мојот брат, и тој ме очекува.
– Дали си добро? (праша длабокиот глас на Чиче)
– Во ред сум, не грижи се… А Таа таму е така?
– Да па тоа и нејзин дом, но не плаши се сега знам се… Душко израсна во преубаво момче, ќе го видиш и него.. И тој те очекува… Утре е годишнина од смртта на татко ти, треба да бидеш таму, знаеш… Потребен си ни во ред?
Замолчи, јас не реков ништо подобар ми беше молкот од се… Така се чувствував мирен, сигурен, и не сакав за ништо да зборувам, ниту пак да ги слушам останатите како зборуваа.
Кога влегов внатре се беше поинаку.. Ново уредено, прекриено во чистиот свеж воздух кој се ширеше во секој агол од куќава… Се беше наместено, доведено во ред…Се разбира благодарение на Душко. Во дневната седеше Таа пред телевизорот, се џареше во него, на прагот стоеше Душко ме чекаше… Кога ме виде ми притрча и ме притегна цврсто гушкајќи го моето слабодушно тело…
– Полека сине, полека (му рече Чиче) – сѐ уште е слаб.. Ајде да влеземе внатре, каде е мајка ти?
– Каде на друго место ако не пред екранот, денес дури зборува со него, со ликовите од нејзините серии. Ме држеше за раце, не ги испушташе, неговата среќа која што беше го озарила неговото лице секој ќе ја приметеше, дури и јас ја забележав, и се чувствував среќен зошто на некој му е мило што ме гледа по толку години. Никој не зборуваше за мојата состојба Таа проклетата не ме ни погледна само со смрштен веѓи мумолејќи нера-збирливи зборови се влечкаше горе долу по собата…Оган ѝ излегуваше од устата секогаш кога и да ја отвореше. Не се сменила ниту малку, се уште беше истата, не ја промениле ниту годините, ниту времето не ја престигнало, дури ни смртта на татко не ја изменила… Нејзините модрини се уште беа страшни, полни со бес, неизмерен молчелив сокриен бес. Ручекот го минавме во молчење, тишината ми внесуваше спокој кој ми ги затвораше очите. Ми се приспа…
– Ајде појди во својата соба горе, одмори се ( ми се обрати Душко).
– Аха јас сум уморен, морам да се одморам утре имам терапија ќе одам во болницата секој понеделник и четврток доброволно се пријавив..
– Во ред е добро си направил јас изутрина ќе те однесам пред да заминам (рече Чиче).
Кога ги качував оние стари внатрешни скали се потсетував на последната вечер кога бев овде и како мојот татко полуди… Ми се навраќаа старите спомени, бедата во која живеевме, гладувањето, измачувањето…Сѐ она од што бегав со години, сега повторно се вратив таму на истото место… Иако се изгледаше поинаку Таа беше истата само овој пат тоа не го можеше зошто ќе го изгубеше својот роден син. Во неа имаше нешто мајчинско, кое го криеше, но Душко беше нејзина слабост, нејзина реликвија, молитва, целиот нејзин живот беше тој.
Легнав на стариот мек душек да си ги одморам сомелените коски од студот кој од мене стори отпадок. Со часови не можев да се прилагодам. Се научив да спијам наземи со картонски кутии под моето тело. Секој ден го преживував, без да живеам.
Кога крајот затропа на мојата врата се појави Марија, „ах каде си Марија“ помислив на глас.
На сеансите имаше многу такви ко мене, можеби околу дваесет души во група, а дневно ги имаше по четири. Седев додека останатите зборуваа за своите животи и како стигнале да чекорат по овој пат… Ми беше досадно, на моменти придремував, глумев дека сум заинтересиран, и така вртејќи го погледот на крајот од болничката соба која што беше преуредена во сала за состаноци ја видов неа. Во желудникот струењето ме распара на половина, морав да појдам таму каде што беше таа. Станав другите беа соживеани во приказните на нашиот „колега“. Таа ме виде додека чекорев за да стигнам до неа. Ми се насмевна оддалеку. Со климање на главата ми одобри да седнам во празната столица покрај неа. Молчеливо прифатив, не велејќи ни збор. Го посматрав нејзиниот правилен профил додека таа и понатаму слу-шаше што се зборува. Сакав да ја прашам што прави овде, но не смеев да зборувам, не сакав да го прекинам овој прекрасен миг, додека ја гледав и како се чувствував покрај неа. Нејзиното присуство за мене беше свето, не само поради тоа што и нејзе ѝ го должев сопствениот живот туку поради внатрешниот мир кој секогаш ми се вгнездуваше под кожа кога таа беше во моја близина. Потоа го изрекоа нејзиното име и таа стана, седна на столицата на која седевме сите кога зборуваме и започна да ја раскажува својата приказна… И на нејзиното минато му дојде редот. Не можев да ѝ верувам на сопствените уши, каков живот имала и дека таа е како јас, ништо повеќе од зависник на дрога. Дамнешна проститутка, уличарка, која што го дарувала своето тело за грам, се беше потполно исто, нашите судбини беа исти нашите животи се поклопуваа, се беше исто, и на крај нашите патишта се вкрстија. Не жалев за тоа што ја запознав, одамна научив дека судбината доколку веруваме во неа се почесто си игра со нас, туку бев многу лут на ова бедно општество кое не знаеше да ги заштити оние кои што имаа потреба од тоа, туку ги отфрлаше и понижуваше, бевме еднакви на ѓубриња. Бев лут на нејзините родители, нејзината мајка која што дозволила нејзиното пре-убаво чедо да стане курва бидејќи немале пари за парче леб, а таа не можела да работи, била болна. Се радувала кога таа доаѓала дома издрогирана, дрогата ѝ ја купувале оние кои што таа вечер ја имале, ја кинеле и… Ох Боже те молам прости им!
И така времето минуваше, јас и Марија се заљубивме… Сѐ уште одев на терапија и ден денес ги посетувам оние што постанале такви. Им зборувам на сеансите им раскажувам секојдневно како се препородив благодарение на неа, на љубовта која што Таа ми ја зеде но некој што бдеел над мене ми ја врати… Љубовта на мојот брат, на саканите ме донесе до таму каде што сум денес, и не жалам за сето она низ кое што поминав, мораше да знам, да научам што значи да се биде човек. А човек се доброто и злото, на нас останува која страна ќе ја избереме. Таа ја сместивме во лудница, нејзе ѝ беше мес-тото таму, повеќе во нашите животи за неа немаше место… Нејзините навики прераснаа во ментално однесување. Некогаш по цели денови плачеше, викаше на цел глас додека ја држеше грлото, некогаш со ноќи не спиеше и шеташе наоколу по куќата. Еднаш Душко ја фати со нож во раката над мојата постела, сакала да ме убие, не можела да сфати како сум бил жив се уште. Нејзиниот презир ја сруши, тој товар беше претежок за носење. Никогаш не успеав да разберам, зошто беше таква кон мене, кога јас ништо не ѝ одзедов, се што сторив се уништив себе… Ги скрпувам долгите години за да се со-земам без страв да продолжам понатаму, иако знаев дека јас бев од оние личности кои не можеа ништо сами да сторат со себе. Затоа је имав неа и тоа тиркизно утро во кое се будев секој ден повторно и повторно… Сѐ до крајот на животот, но и да не бев жив пак ќе живеев во тоа плаветнило макар еден миг… А никој од нас не знае дека токму тој миг е чекорот кој не дели од вечноста. Не знам… Навистина!
СЕЉОБЕРОТ
Како да го посакував тој повик. Понекогаш е потребно да се вратиме во минатото. Тоа се враќа да не потсети кои сме биле некогаш, какви сме денес, дали сме исти, поинакви, променети или остануваме случајни минувачи, сѐ останато е една голема лага. Навистина беше грд. Немаше ниту една правила црта на лицето. Русокос. Не сакав никогаш русокоси мажи. Не ме возбудуваа, ми личеа на мали бебенца. Нежни и крхи. Образите му се вцрвенуваа секогаш кога и да се изглупираше, зошто секогаш глумеше нешто друго. „Сељоберот“ беше навистина способен само за лажење. Во тој миг лагата ми беше потребна. Сакав да поверувам дека и јас за некого посто-јам, дека сум посакувана. После онаа ноќ тој повеќе не се јави. А јас никогаш не го побарав.
Седев со тие непознати луѓе на иста маса. Се осеќав бедно. „Сељоберот“ сакаше да ме плесне. Си беше таков, таков и остана. Прифаќав се што тој го нудеше само да бидам што подалеку од таму каде што со години бев. И стоев, останав верна не се ни помрднав. Се плашев да го изгубам тој дел од себе.
Дрндавме, а половина од муабетите не ги слушнав. Не бев дојдена таму за слушање, а и бев психички ослабена да можам да им го дадам најдоброто од себе.
Неговите зелени очи ми влеваа страв под коски. Цело време се трудев да ги одбегнам. Но се навлекував на нив. „Сељоберот“ не беше важен, ниту пак ми значеше нешто неговото дрндање, едниствена мисла ми беше „што ли ќе помисли овој човек овде за мене“ како глупача се осеќав.
Ми рекоа и двајцата да појдам со нив оваа вечер на „прошетка“ далеку од овој град.
Одговорив со кратко „не“. Немаше потреба од такво нешто. Зошто чекав дека тој можеби ќе се јави.
Во 19:00 часот седев на висока столица и пиев фанта. Тие двајца порачаа пиво. Времето залади. Воздухот ми ги дразнеше ноздрите. Сељоберот отиде да плати. Ми се развлече лицето во необична насмевка кога тој ми соопшти дека неговата бивша љубов се омажила. Но не беше сам имаше девојка. Повторно беше среќно заљубен. А јас скитав наоколу и барав барем некој да ми го даде трошка од она што ми беше потребно. Моите очи беа темни кругови, вдлабнати без никаков посебен сјај. Да знаеше некој да погледне подалеку ќе видеше колку многу го љубам.
BMW X5 леташе. Сакаше да се покажува дека многу брзо умее да вози. Седев напред од стравот што ми се беше пикнал под коски, со едната рака ја зграбив неговата која беше виснала отпозади мене. Ја држев цврсто. Тој ми потсмеваше. Ќе речеше „дете“. Навистина се плашев зошто лудакот беше подготвен и да умре на сељачки начин само да изглуми фраер пред некоја пичка. Некои луѓе беа навистина глупи и беа родени само за да го бутнат во некоја дупка. Само тоа и беше навистина важно.
Стигнавме во хотелот тие двајца и јас. Рецепционерот ме погледна забележително подигајќи ги веѓите. Неговите мисли беа проѕирни. Бев курва во хотел со двајца мажи. И се кладам дека во мисли му се вртеа филмови каде и тој учествува.
Соба 13. Едно вртење на клучот и влеговме тројцата. Внатре имаше два кревета, еден телевизор едно купатило и еден плакар. Стоев на сред соба и не се мрднав. Легнаа двајцата в кревет. Ме повикаа. Сељоберот побара масажа. Беше безобразен. Не се ни приближив до нив. Седнав на парното наспроти нив и ги гледав. Се исплашив. Дури сега се разбудив од сонот и своето лудило. Те проколнав илјада пати зошто дозволи да ста-нам ваква. Сѐ уште не бев али се плашев да не се претворам во нешто за што подоцна ќе жалам цел живот. Дали знаеш колку патев само. Ми навираа солзи во очи кога помислив на моите дома. Што немав во животот па ова да го сторам. Тебе те немав, а мојата љубов беше посилна од се. Во име на љубовта правиме се, затоа сѐ ни беше простено. Дури и болката која не наведува на грев. Знаеш ли колку те љубев?
Се кренаа од кревет за да се преслечат. Ќе излегуваме по кафулиња. Ми олесна, зошто повеќе ниту миг не можев да седам. Кога тие се кренаа од креветот јас седнав на него. Тогаш Сељоберот ми се намести позади грб. Ме зграпчи со двете раце и ме бакнуваше на тилот. Не почувствував никаква возбуда, зошто се тргнав цело време од срам, не сакав својата интима да ја покажувам пред другите. Никогаш не се бакнував пред останатите ниту пак дозволував некој да ме бакне. Позади вратата далеку од очите на другите беше дозволено се. Не бевме сами и се осеќав непријатно и евтино.
Тој се соблече пред мене, му ги видов под око неговите боксерици. Ми се допаднаа. Не осетив срам од него. Дури и благо се насмевнав.
Во кафулето дојдоа и други сељаци другари на овој нашиот сељобер. И сите ми се смешкаа. Седев до него и осеќав некаква толина. Сељоберот седење на друиот крај подалеку од мене тој беше женет човек и мораше да се пази. Убаво мирисаше неговата бела кошула. Неговата мекост во гласот и покрај гласната музика која ми ги дупчеше ушите се распространуваше во сите мои сетила. Нашите мисли се склопија во едно кога проговоривме за нашите желби и фантазии. Секс, двојки, тројки, четворки… Идев по неговата памет додека тој ме наведуваше да мислам дека е ист ко овој. Но тој беше добар човек и немаше ниту трунка сељацизми во него. Беше господин. Неговите раце беа мазни, со убаво обликувани нокти. Неговото висока чело му ја откриваше интелигенцијата иако се обидуваше да ја сокрие и да се спушти ниско, да размислува ниско ко овие. Се разликуваше, а мене ми се стори сето тоа премногу слатко. И тој беше сладок.
Осетив сигурност покрај него и бев бесна зошто во тој миг го посакав. Сељоберот овде ме донесе за плескање додека јас потајно се вљубував во неговиот другар.
Му кимнав на Сељоберот и тој стана. Појдовме заедно двајцата кон џипот. Праша дали ќе го направиме тоа на пракинг или во хотел. „Хотел“, реков. Кога влеговме ми се нафрли ко некое гладно животно. Ме соблече во еден миг и ми шепотеше на уво секакви секс глупости. Се напали ко мајмун. Тој чекаше долу. Му беше студено. ѕвонеше неколку пати овој не обрнуваше внимание на тоа. Се обидував да го кренам од себе беше тежок. Ме беше приклештил и никако не ме испушташе од раце. Го молев да прекине зашто веќе осеќав болка и тоа голема помеѓу бедрата. Конечно сврши. Тогаш влезе под туш. Тој се качи додека јас се облекував. Ја наведнав својата глава ми беше срам да го погледнам во очи. Во неговите убави зелени очи. Само сакав да исчезнам засекогаш одовде. Го замолив да ме врати назад.
Додека тој возеше јас молчев. Вирев преку про-зорецот. Ноќта беше длабока и тивка. Ми беше студено на нозете. Се што посакав во тој миг беше само тој да ми ги загрее моите малечки стапала, да го загрее и излечи моето малечко рането срце…
Додека јас само лутав!